Достапни линкови

Германци - мигранти во Бугарија


Мигрантски бран од Германци во Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Мигрантски бран од Германци во Бугарија

Кога се пензионира пред една деценија, германскиот месар Валдемар Хакштатер ги пресмета своите финансии и заклучи дека тој и сопругата Хилдегард не можат да си дозволат да останат во нивната родна земја. Така, тие се преселија во Бугарија, каде што со нивниот комбиниран приход од 1.200 евра можат да купат многу повеќе.

„Во Германија месецот се протегаше подолго од пензијата и не сакавме да станеме товар за нашите деца“, вели 78-годишниот Валдемар, додавајќи.

„Овде јас се снаоѓам многу добро. Можам да одам во ресторани во секое време, нешто што никогаш не би можел да си го дозволам во Германија. Може да ги купам сите работи што ни требаат без претходно да го пресметам сето тоа“.

Со него се согласува и неговата сопруга Хилдегард:

„Можеме да одиме на шопинг без да се грижиме дека нема да можеме да си го дозволиме тоа. Супер е“.

Валдемар ја дополнува:

„Животот е фантастичен. Имаме мир и тишина и без стрес. Среќно живееме последната четвртина од животот тука“.

И додека тие своевремено беа што би се рекло пионери-иселеници, сега се дел од она што полека станува дијаспора.

Откако заминаа, германската економија просперираше, привлекувајќи голем бран мигранти.

Врвот на тој бран беше во 2015 година кога милион мигранти влегоа во Германија.

За тој период пак, многу германски пензионери, притиснати од малите приходи за германски услови, решија да заминат во обратна насока.

Иако е скромен во апсолутни бројки, трендот е јасен.

Во 2002 година, 107 Германци ги добиваа државните пензии во Бугарија.

До 2018 година тој број беше 652.

За истиот тој период бројката во Тајланд од 670 Германцисе искачи на 5.415.

Многумина, како Валдемар и Хилдеград имаат намера, од економски причини, да емигрираат со оглед на тоа што расте бројот пензионери кои живеат под границата на сиромаштијата.

Бригите Хагер-Хорн вели:

„Се справувам многу подобро тука отколку во Германија. Никако не можам да живеам вака во Германија. Тоа би било невозможно. Во Германија можев да преживеам, но не и да живеам. Значи, не е прашање дали би требало да се вратам“.

Затоа тоа уште еднаш повторува дека не жали што донесла одлука да се пресели:

„Беше многу добра одлука и не жалам за преселбата во Бугарија и не мислам дека некогаш ќе бидам. Бугарија ми нуди прекрасен живот што не би можел да го имам на друго место и јас сум благодарна.“

Сираково, селото каде што живеат Валдемар и Хилдегард, привлече и други постари Германци, додека голем дел од помладите бугарски жители заминале да работат во Германија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG