Достапни линкови

Што стои зад судењето на Трамп?


Зошто Сенатот ќе му суди на Трамп?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Зошто Сенатот ќе му суди на Трамп?

Процесот за отповикување на Трамп и официјално почна во Сенатот. Трамп се соочува со обвинувања за злоупотреба на функцијата и за опструкција на Конгресот во истрагата дали тој вршел притисок врз Украина да покрене истрага против Џо Бајден, можен претседателски кандидат на Демократската партија.

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека процесот за негово отповикување во Сенатот ќе биде „многу бргу завршен“ и повтори дека станува збор за „лов на вештерки“.

„Па, мислам дека треба да оди навистина брзо, тоа е измама, тоа е измама, сите го знаат тоа. Тоа е целосен измама“.

Во меѓувреме, демократот Адам Шиф, кој го раководи тимот од седум члена на Претставничкиот дом, кои ќе служат како обвинители, се појави во Сенатот за да ги прочита двете обвиненија.

„Претседателот Трамп со вакво однесување покажа дека ќе остане закана за Уставот доколку му се дозволи да остане на должноста и оти се однесува на начин грубо некомпатибилен со управувањето и владеењето на правото“.

Ова судење, трето во американската историја, се очекува да започне на 21 јануари.

Злоупотребата на функцијата, наведена од страна на Претставничкиот дом вклучува и привремено задржување на над 390 милиони долари безбедносна помош за Украина, потег што демократите велат дека имал за цел да изврши притисок врз Киев за да го испита политичкиот ривал Џо Бајден, можниот противник на претседателот на изборите на 3-ти ноември.

Конгресот ги одобри средствата за да и помогне на Украина во борбата против сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел на земјата.

Парите на крајот му беа доставени на Киев во септември, откако скандалот излезе во јавност.

Основен настан што доведе до импичмент беше телефонскиот повик на 25 јули лани во кој Трамп побара од претседателот на Украина да ги испита Бајден и неговиот син Хантер Бајден за корупција.

Демократите соопштија дека Трамп ја злоупотребил својата моќ, барајќи од странска влада да се меша во изборите во САД за своја корист, а на штета на американската национална безбедност.

Републиканците тврдат дека постапките на Трамп не биле ништо надвор од законот.

Тие ги обвинија демократите дека ја користат аферата во Украина како начин да се поништи победата на изборите за Трамп во 2016 година.

Сенатот се очекува да го ослободи Трамп од обвинувањата, бидејќи никој од неговите 53 републиканци не изрази поддршка за негово отстранување, чекор за кој е потребно двотретинско мнозинство.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG