Достапни линкови

Западен Балкан, смогот и влезот во ЕУ


И смогот услов за влез на Западен Балкан во ЕУ?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

И смогот услов за влез на Западен Балкан во ЕУ?

Големите градови во неколку балкански земји беа погодени од опасни нивоа на смог во последниве денови, предизвикувајќи гнев кај жителите и официјални предупредувања да останат во затворено и да избегнуваат физичка активност.

Владата на Србија свика итен состанок за решавање на проблемот, кратко време по загрижувачките нивоа на загадување на воздухот.

Слично беше и во главните градови на Хрватска и на Босна и Херцеговина, Загреб и Сарево.

Една жителка на Сараево вели:

„Тешко можеме да дишеме кога излегуваме, особено е тешко за пациенти со срцеви заболувања и проблеми со бели дробови. Понекогаш не можете да шетате на улица, дури и со шал се задушуваме“.

Тихомир Бера, главен доктор на одделот за итни случаи во Сараево пак вели:

„Ние сме цело време во медиумите и апелираме луѓето да не остануваат надвор. Им порачуваме дека треба да ги земат своите лекови и по можност да одат на планини“.

Зголеменото загадување ги налути активистите за животната средина и во Босна и во Србија, кои велат дека властите прават премногу малку и предоцна.

Анес Подиќ од невладината организација „Еко-акција“ во Сараево вели:

„Мора да ги ослободите оние категории да не доаѓаат на работа, како бремените жени и лица со проблеми со срцето и белите дробови. Мора да имате компензации за тие компании поради нивното отсуство од работа. Мора да имате забрана на сите спортски активности на отворено“.

Во последниот извештај на Програмата на Обединетите нации за животна средина, се наведува дека Сараево ги има најголемите концентрации на загадување на воздухот во Европа, додека луѓето кои живеат во западен Балкан, поради загадувањето на воздухот, во просек губат надедна години од животот.

Високите концентрации на токсични честички на воздухот се типични за време на зимата во балканските земји кои во голема мерка зависат од електраните што работат на јаглен, и каде што луѓето возат стари автомобили и користат дрва и јаглен за греење.

Во последните неколку дена, временските услови без ветер и густата магла го влошија проблемот.

Експертите предупредуваат дека овие и други непогодности во животната средина може дури да ги стопираат напорите на Србија и на другите балкански држави за влез во Европската унија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG