Достапни линкови

Шпанија и натаму без нова влада


Шпанскиот парламент не ја изгласа новата влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Шпанскиот парламент не ја изгласа новата влада

Привремениот премиер на Шпанија Педро Санчес во неделата не успеа во првата од двете шанси да го добие одобрувањето на шпанскиот парламент за формирање владина коалиција. Лидерот на социјалистите ќе има втора можност во вторник, кога прагот за успех е помал.

Санчес се надева дека ќе ја добие потребната поддршка за формирање коалициска влада на неговата централнолевичарска Социјалистичка партија и на партијата „Обединети ние можеме“.

Тоа ќе биде прва коалициска влада на Шпанија од враќањето на демократијата по смртта на диктаторот генерал Франциско Франко во 1975 година.

Како што се очекуваше, Санчес доби само 166 гласови, десет помалку за да се постигне потребното апсолутно мнозинство.

Санчес доби поддршка од своите 120 социјалистички законодавци и од 35 пратеници на Обединети ние можеме.

Преостанатите дојдоа од помалите левичарски и регионални партии.

Пратениците на трите главни десничарски партии и на другите помали партии собраа 165 гласови.

Осумнаесет пратеници се воздржаа, а еден не гласаше.

Прагот на гласови се спушта во вториот обид во вторникот и се бара просто мнозинство гласови.

Кармен Калво, Социјалистичка партија изјави:

„Се надеваме дека нашиот кандидат ќе биде премиер“.

Габриел Руфијан од партијата Републиканска левица на Каталонија запрашан дали смета дека пребројувањето на гласовите ќе биде исто во вторник изјави:

„Ако нема некој што ќе го смени својот глас. Да се надеваме дека нема“.

Но, надежите на Санчез за успех сепак ќе зависат од воздржаноста од неколку помали партии, вклучувајќи ги и сепаратистичките партии од Каталонија и Баскија.

Поддршката од партијата на каталонската сепаратистичка Републиканска левица од Каталонија дојде со тешка политичка цена за Санчес.

Имено, тој се согласи да отвори разговори меѓу шпанската влада и каталонската регионална влада во врска со иднината на Каталонија.

Ана Руиз вели:

„Тие го ставија тоа во рацете на непријателите на Шпанија и се чини дека ќе добијат мнозинство во шпанскиот парламент, едноставно затоа што тие ја продаваат Шпанија во замена за да им биде дозволено да останат во владата“.

Десничарските партии велат дека Санчес го става во опасност територијалниот интегритет на земјата, и покрај ветувањето дека нема да дозволи каталонски референдум за независност.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG