Достапни линкови

Мигрантите во неволја поради студениот бран во Грција


Студеното време во Грција дополнителен проблем за мигрантите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:24 0:00

Студеното време во Грција дополнителен проблем за мигрантите

Снегот, силниот ветар и студените ноќи што деновиве ја зафатија Грција им го отежнаа животот на мигрантите и бегалците кои се сместени во кампот во Малакаса, на 35 километри од Атина. Некои од нив поради здравствени проблеми мораа да го напуштат кампот.

Во еден голем шатор се поместени повеќе од 30 помали шатори.

Бегалците што живеат во овие мали шатори се семејства, а скоро половина од нив се деца.

Бидејќи нема снабдување со електрична енергија, тие не можат да користат електричен шпорет или калорифер.

За децата е најтешко кога температурата е најниска, односно во текот на ноќта.

„Деновиве врнеше и врнеше снег, а на децата во шаторот им е премногу студено за да спијат. Во кампот секогаш има плачење. Ние сме многу тажни“, вели Абдул, авганистански бегалец.

Во кампот моментно престојуваат околу 2.500 бегалци.

Во текот на изминатите три месеци, дел од мигрантите кои се заглавени на грчките острови се префрлени во други места во Грција, влошувајќи ја ситуацијата и во веќе пренатрупаниот камп во Малакаса.

Во вакви лоши временски услови, бегалците кои живеат во камповите не се во состојба да се справат со студените и влажни услови, па многумина страдаат од инфекции на кожата.

„Кожата на моето дете е иритирана, но не можеме да сториме ништо бидејќи долго време немаме лекови“, вели Џамал, авганистански бегалец.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG