Достапни линкови

Хаосот во Ирак и враќањето на терористите


Ирак – политички немири и подем на терористите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Ирак – политички немири и подем на терористите

Бранот масовни протести и натаму го потресува Ирак. Но тоа придонесе и за почести терористички напади во повеќе делови од земјата, велат ирачките власти.

Генерал мајор Тахсен Ал-Кафаџи, портпарол на ирачките здружени операции изјави дека бранот масовни протести создаде поволни услови за терористите.

Тие пак, од смртта на лидерот на екстремистичката група Исламска држава, Абу Бакр Ал-Багдади во октомври беапривремено ослабени поради пропадната структура на раководството.

Сепак, во последно време имасе почести терористички напади во северните ирачки провинции, предизвикувајќи цивилни жртви.

Терористичките сили се чинат решени да организираат кам-бек, иако се ослабени.

„Службата за разузнавање предвидува дека по смртта на Ал-Багдади, терористичките групи можат да извршуваат само герилски активности. Останатите терористи немаат друг избор. Ако не извршат напади, тие само можат да чекаат да умрат или да се предадат“, вели генерал Ал-Кафаџи.

Според него, оружјето неодамна запленето од безбедносните сили докажува во каква очајна состојба се терористичките групи, поради намалување на нивните ресурси.

„Службата за разузнавање е решена да ги спречи екстремистичките организации да се впуштаат во воена конфронтација или да започнат огромни операции. Нивниот извор на финансирање беше скратен и оружјето што го запленивме им нанесе огромен удар“, рече Ал-Кафаџи.

Во Ирак владее хаос од први октомври кога почнаа антивладините протести на кои се бара реформи и заминување од власт на политичарите за кои демонстрантите сметаат дека се корумпирани и некомпетентни.

Од почетокот на протестите досега загинале неколку стотици луѓе, додека илјадници биле повредени.

Често доаѓа до судир меѓу демонстрантите и полицијата, но има и оружени напади врз полициски станици или други владини служби.

Едно од клучните барања на демонстрантите беше и нов изборен закон кој деновиве беше одобрен од ирачкиот парламент.

Со новиот закон секоја од 18 провинции во земјата ќе се смени во неколку изборни единици во кои на 100.000 луѓе ќе се избира по еден пратеник.

Со тоа партиите ќе бидат спречени да се кандидираат на обединети листи што им помагаше лесно да ги освојат сите места во една провинција.

Наместо тоа, местата ќе им припаднат на оние што добиле најмногу гласови во изборните единици.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG