Достапни линкови

Трамп меѓу Сенатот и Претставничкиот дом


Што крие претседателот Трамп?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Што крие претседателот Трамп?

Во Конгресот продолжува аргументацијата за импичментот на претседателот Доналд Трамп. Пред клучното гласање за тоа во Претставничкиот дом, демократите во Сенатот побараа сослушување на четворица сегашни и поранешни советници на Трамп во врска со обвинувањата за злоупотреба на функцијата.

Лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер ги повика своите колеги во Сенатот да побараат сведочење од четворица сегашни и поранешни помошници на Белата куќа на судењето што се очекува во почетокот на следната година за отповикување на претседателот Доналд Трамп од должноста.

„Ако лидерот Меконел не одржи целосно и фер судење, американскиот народ со право ќе праша, што сте вие лидеру Мекконел и што крие претседателот Трамп?“.

Ден претходно Шумер упати писмена жалба до лидерот на мнозинството во Сенатот републиканецот Мич Меконел, кој изјави дека тој се координира со Белата куќа.

Тој исто така ја изнесе можноста за кратко судење за импичмент во кое нема да бидат повикани сведоци. Шумер побара сведочење од вршителот на должноста шеф на кабинетот на Белата куќа Мик Малвени, поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон, помошникот на Малвени, Роберт Блер и одговорниот за буџет Мајкл Дафи.

„Четворицата сведоци што ги предлагаме имаат директно знаење зошто помошта за Украина е одложена. Ние не знаеме какви докази ќе презентираат. Тие може да презентираат ексклузивни докази што му помагаат на претседателот Трамп. Можеби се инкриминирачки против претседателот, но тие треба да бидат сослушани“.

Демократите во Претставничкиот дом, каде што имаат мнозинство, исто така побараа сведоштво од четири лица во нивната истрага за тоа дали да го отповикаат Трамп околу неговиот обид да изврши притисок врз Украина да покрене постапка против неговиот претседателски ривал демократот Џо Бајден.

Се очекува Трамп во текот на оваа недела да стане третиот американски претседател што ќе се соочи со импичмент кога Претставничкиот дом ќе гласа за обвиненијата дека тој ја злоупотребил својата моќ барајќи од Украина да го испита Бајден, водечки кандидат што му се спротивставува на изборите за претседател на САД во следната година и ја опструирал истрагата на Конгресот за овој случај.

Потоа треба да следи и гласање во Сенатот во кој доминираат републиканците, но малку е веројатно дека сенаторите ќе гласаат да го отповикаат претседател од мандатот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG