Достапни линкови

Формирањето влада во Шпанија во рацете на Каталонците


Ќе биде ли наскоро формирана новата влада на Шпанија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Ќе биде ли наскоро фомирана новата влада на Шпанија?

Лидерот на Социјалистичката партија и досегашен премиер на Шпанија Педро Санчез го прифати мандатот да формира нова влада што претходно му го понуди кралот Фелипе Шестти. Санчез ќе се обиде да формира нов кабинет иако се чини дека нема доволно поддршка.

„Му ја пренесов на Неговото Височество, кралот, мојата подготвеност да ја прифатам задачата што ми ја доверува“, изјави мандаторот Педро Санчез по средбата со шпанскиот крал Фелипе.

Тој притоа оцени дека Шпанците се презаситени од гнев и судири и оти сакаат консензус и стабилност.

„Тоа е задача што ја преземам со чест, одговорност и огромна благодарност до шпанскиот народ“.

Неговата Социјалистичка партија доби најмногу гласови на изборите во минатиот месец и има 120 пратеници во парламентот со 350 места.

Тоа значи дека на Санчез му се потребни уште 56 гласа во парламентот за да има мнозинство.

Тој извесно време се обидува да ја придобие поддршката на помалите партии, а постигна договор со левичарскиот Подемос кој има 35 пратници.

Процесот на преговарање на новата влада се очекува да трае неколку недели пред парламентот да биде во можност да гласа за неа.

Санчез рече дека в понеделник ќе ги почне преговорите со Пабло Казадо, лидерот на конзервативната Народна партија, како и со централно-десничарската Сиудаданос.

Недостатокот на места го натера Санчез да и додворува на каталонската сепаратистичка партија Републиканска ливица на Каталонија или скратено ЕРЦ, чии 13 места му нудат можност да остане премиер на Шпанија.

Лидерот на ЕРЦ Ориол Јунгуерас кој е осуден на 13 години затвор поради неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година - ја искористи можноста да постави извесни услови.

Оваа партија бара безусловен дијалог меѓу шпанската влада и регионалната влада на Каталонија и гаранција дека сите преземени обврски ќе бидат извршени.

Според шпанскиот устав, монархот му дава мандат за формирање влада, а по консултации со партиските лидери. Педро Санчез ја предводи владата од јуни минатата година.

Вонредните избори во ноември беа четвртите во изминатите четири години.

Доколку владата повторно не биде избрана, нови избори би можело да се одржат во наредната година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG