Достапни линкови

Средба Зеленски-Путин, договор или капитулација?


Во Украина протести за средбата меѓу Зеленски и Путин
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Во Украина протести за средбата меѓу Зеленски и Путин

Илјадници Украинци се собраа во Киев во неделата, предупредувајќи го претседателот Володимир Зеленски да му се спротивстави на притисокот од рускиот Владимир Путин, на денешните разговори за решавање на конфликтот во источниот дел на Украина.

Демонстрантите, за време на митингот, предводен од противниците на Зеленски држеа плакати со пароли „Не до капитулација“, „Остани подалеку од Москва“ и „Рускиот гас е јаже околу вратот“.

Двајцата лидери се состануваат за прв пат, по изборот на Зеленски во април. на разговори во Париз, со посредство на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Средбата има за цел да ги заживее преговорите за петгодишниот конфликт во кој досега загинаа повеќе од 13.000 луѓе.

Украина и нејзините западни сојузници ја обвинуваат Русија дека воено ги поддржува сепаратистите, нешто што Москва постојано го негира.

Претходникот на Зеленски, Петро Порошенко - кој ја водеше Украина по анексијата на Крим од Русија во 2014 година и пробивањето на сепаратистичкиот конфликт со поддршка од Москва - беше меѓу оние кои го повикаа протестот.

Тој притоа порача Киев да не му верува на Путин.

Наталија Пурдик, од Киев пак изјави:

„Најголем страв ми е дека Зеленски ќе потпише некакви зделки со Русија и ќе учествува во некаков вид заговор со Путин. Тоа е тоа“.

Студентот Захар Салига од Киев пак вели:

„Како и секој свесен Украинец, чувствувам дека нешто погрешно се одвива во земјата. Го гледам, го чувствувам тоа, затоа сум тука со свесните Украинци. Сакам да ја покажам мојата волја, дека не ги сакаме делата и активности на сегашната влада“.

Со него се согласува и студентката Настија Прокопенко:

„Загрижена сум дека утре ќе има нови чекори кон капитулација, што навистина не сакам да се случи. Сакам да живеам во мојата Украина, обединета и моќна земја“.

Меѓу демонстрантите беа и екстремно десничарските националисти од партијата Свобода.

Новата православна црква во Украина, која ја освои независноста од Москва под Порошенко, во неделата одржа молитви за „праведен мир и победа на Украина“ на разговорите.

Портпаролката на Зеленски, Јулија Мендел во неделата го осуди, како што го нарече „скептицизмот што ги наведува луѓето да демонстрираат против измислена капитулација“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG