Достапни линкови

ЕУ со нови лидери во нов почеток?


Новите лидери на ЕУ оптимисти за Унијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Новите лидери на ЕУ оптимисти за Унијата

Европската унија од вчера има ново раководство. Луѓето на четирите позиции на врвот го почнаа мандатот со многу оптимизам за иднината на Европската унија.

Новите лидери на Европската унија во неделата ја почнаа нивната работа, во турбулентно време за Унијата, главно поради претстојното заминување на Британија, но и поради други проблеми.

Германката Урсула фон дер Лајен официјално го замени претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, два дена по церемонијата на предавање.

Со тоа таа стана првата жена на оваа функција.

Белгијанецот Шарл Мишел пак, го наследи Доналд Туск како претседател на Советот на Европската унија и од сега ќе претседава со самитите на лидерите на Унијата.

Тие во Домот на европската историја во Брисел ја одбележаа 10-годишнината од Лисабонскиот договор.

„Денес, правиме повеќе отколку да гледаме наназад. Ние славиме нов почеток со голем ентузијазам и со надеж затоа што ги започнуваме следните пет години на цврсто ниво. Ние напредуваме во нашата амбициозна европска агенда“, рече претседателот на Европскиот совет Мишел.

Домаќин на церемонијата беше претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли.

Тој поздравувајќи ги новите лидери на Унијата ги повика да ги испорачаат ветувањата дадени на 508 милиони граѓани.

„Од борбата против климатските промени до борбата против порастот на трошоците за живот, Европејците сакаат да видат вистинска акција. Претседателот Урсула фон дер Лејен ја побара во парламентот во минатата недела нашата поддршка за нов почеток за Европа. Фактот дека четворицата институции денес се заедно тука, ја симболизира оваа нова сезона“.

На церемонија беше и новата шефица на Европската централна банка Кристин Лагард, која наведувајќи ги економските проблеми и тешкотии што ги одбележаа изминативе десет години изјави:

„Моја надеж како претседател на Европската централна банка, а заедно со моите тројца колеги, е дека ќе го оставиме зад нас овој период на обештетување што го доживеавме последниве години, кон фаза на реновирање и надеж“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG