Началникот на граничната полиција на Босна Зоран Галиќ предупреди дека неговите припадници не можат да го задржат миграцискиот притисок долж источната граница на земјата со Србија.
Тој вели дека ситуацијата може лесно да ескалира и да ја доведе во опасност целокупната стабилност во и онака политички кревката земја, која сè уште се опоравува од војната.
„Мислам дека нашата земја, Босна и Херцеговина е под најголем напор затоа што ние граничиме со Европската унија, така што мигрантите остануваат заглавени овде и тоа може да ја комплицира целокупната безбедносна ситуација во иднина“.
Галиќ додава дека обезбедувањето на целата граница од 1.600 километри долж популарната миграциска рута во Европа е многу тешко.
Вакар е 17-годишен мигрант од Пакистан кој вели дека многу платил за да стигне до тука:
„Плаќам за преминување на реката три илјади евра“... Кој ги зема парите? Не знам кој. Шверцери“.
Галиќ додава дека на граничната полиција и недостигаат уште над 1.000 припадници и оти немаат модерна технологија.
Од почетокот на годинава, според статистиката на босанската влада, повеќе од 13.000 мигранти пристигнале во Босна.
Тие најчесто завршуваат во западниот дел на Босна кој граничи со Хрватска, односно со Европската унија.
Таму пак, тензиите растат од ден на ден, бидејќи мигрантите продолжуваат да пристигнуваат.
Рамо Муртиќ од селото Мали Луг во близина на Бихаќ вели:
„Немаме никаков контакт со нив, но се плашиме од нив постојано, бидејќи сите тие се воено способни луѓе. Тоа не сесемејства. Семејствата доаѓаа со жени и деца. а тука гледаме само мажи“.
Со него се согласува и Елвир Сехиќ:
„Нашите луѓе го изгубија трпението со нив. Тие се жалат на растечкиот број мигранти во нашата заедница. Нивната култура е многу различна, нивните обичаи се многу различни од нашите, така што не е изненадувачки што се судираме со нив вербално и се плашам дека нашите несогласувања со нив може да се претворат во нешто посериозно“.
Селаните велат да ги разбираат фрустрациите на мигрантите, но и тоа дека треба се води сметка и за нивните страхувања за безбедноста.