Достапни линкови

Во Хонг Конг станува се поопасно


Во Хонг Конг судири меѓу полицијата и демонстрантите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Во Хонг Конг судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата со употреба на солзавец и водени топови почнала да влегува во универитетот во Хонг Конг кој од пред неколку денови е запоседнат од антивладини демонстранти. Демонстрантите возвратиле со молотови коктели и стрели, при што еден полицаец бил погоден во ногата.

Продемократските демонстранти кои се собраа во универзитетскиот кампус во Хонг Конг, го запалијаглавниот влез за да спречат приближување на полицијата.

Полицајците претходно предупредија дека може да користат и боева муниција доколку наидат на оружје кај демонстрантите.

Кен, еден од нив вели:

„Ова е војна. Ова е војна. Тие користат вистинско оружје за да стрелаат врз нашиот народ“.

Насилството претставува опасна нова фаза во скоро шестмесечната криза.

Во Хонг Конг деновиве кинески војници за кратко време ги напуштија касарните за да ги исчистат улиците.

Кина одби да прифати кое било од клучните барања на демонстрантите, вклучувајќи слободни избори во градот со 7,5 милиони луѓе.

Наместо тоа, Кина постојано предупредува дека нема да толерира какви било несогласувања, а загриженоста расте дека може да интервенира директно за да ги задуши немирите.

Полицијата го прогласи кампусот за „немирна“ зона - немирите се казнуваат до 10 години затвор - и ги блокира излезите.

Новинските агенции јавуваа дека демонстрантите сè уште биле во кампусот.

Заземањето на кампусот од страна на демонстрантите претставуваше пресврт во тактиката на движењето без лидер и со непредвидлива природа.

Една демонстрантка кој и се приклучи на барикадата пред зградата на универзитетот вели дека сите се рени да се борат до крај.

„Јас сум исплашена, мислам дека и вие сте исплашени. Кога сме исплашени, просто одиме по патот“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг деновиве изјави дека неодамнешните „незаконски и насилни“ активности во Хонг Конг „сериозно го загрозозуваат општествениот поредок“, поткопувајќи го принципот „една земја два система“ во тој град.

Протестите почнаа во јуни поради веќе суспендираниот предлог закон за екстрадиција кој предвидуваше израчување осомничени на Пекинг.

Демонстрантите сега, освен слободни избори, бараат и оставка на шефицата на владата на Хонг Конг Кери Лам затоа што дозволила прекумерна употреба на сила.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG