Достапни линкови

На Трамп му е поважен Ердоган од импичментот


Трамп: јас сум „голем обожавател“ на Ердоган
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Трамп: јас сум „голем обожавател“ на Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „голем обожавател“ на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и покрај спротивставувањето на повеќето во Конгресот што Ердоган беше пречекан на црвен тепих во Вашингтон. На заедничката прес-конференција во Белата куќа, Трамп ги коментираше и првите јавни сослушувања во истрагата за импичмент, додека Ердоган се осврна врз турската окупација на Сирија.

Двајца високи американски дипломати во средата доставија пригодно сведоштво за напорите на Доналд Трамп да ја натера Украина да поведе истрага за неговиот потенцијален ривал Џо Бајден, откако истрагата за импичмент на претседателот, станува збор за четвртиот процес на импичмент во историјата на САД, се префрли во нова фаза на телевизиски расправи со висок политички влог.

Трамп ја отфрли истрагата во Претставничкиот дом предводена од Демократската партија како „лов на вештерки“ и рече дека е „премногу зафатен“ за да ги гледа првите јавни расправи.

„Зборувате за лов на вештерки? Дали е тоа на што мислите? Дали е тоа за што зборувате? Слушам дека станува збор за шега. Не сум гледал, не сум гледал ниту една минута затоа што сум бил со претседателот кој е далеку поважен, што се однесува до мене. Ова е срам и не треба да се дозволи“.

Трамп е обвинет од демократите за злоупотреба на својата функција со користење на американската воена помош и евентуална средба во Белата куќа за да изврши притисок врз претседателот Володимир Зеленски да отвори истрага за Бајден и неговиот син Хантер, кој работел во одборот на украинската компанија за гас.

Трамп, осврнувајќи се врз разговорите со турскиот претседател Ердоган рече дека тие биле „прекрасни и многу продуктивни“.

„Се уверивме меѓусебно дека Турција ќе продолжи да го поддржува она што треба да го поддржува. Јас сум голем обожавател на претседателот“.

Трамп изјави дека турското купување на рускиот одбранбен систем С-400 создава сериозни предизвици, но оти се надева дека тие можат да бидат надминати.

До овие разговори дојде во момент кога односите меѓу двете членки на НАТО се на најниска точка во изминативе децении.

Тоа особено откако во минатиот месец кога Анкара започна акција за чистење на курдските милитанти во северниот дел на Сирија.

Курдите беа главниот партнер на САД во борбата против ИД. Ердоган, запршан за односите со Курдите во иднина рече:

„Прво, треба да направиме разлика помеѓу две работи. Немаме никакви проблеми со Курдите. Имаме проблеми со терористички организации, од кои некои произлегуваат од Курдите“.

Ердоган повтори дека му го вратил писмото на претседателот Трамп на 9-ти октомври во кое Трамп му напишал „да не биде будала“ и го повикал да ја запре прекуграничната офанзива во североисточна Сирија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG