Достапни линкови

Истрагата за импичмент на Трамп отворена за јавноста


Импичментот на Трамп на јавни сослушувања
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Импичмент на Трамп на јавни сослушувања во Конгресот

Во наредната недела Претставничкиот дом на американскиот Конгрес започнува нова, јавна фаза во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Најавени се две сослушувања на тројца сведоци од Стејт департментот, кои претходно сведочеа зад затворена врата.

На 13 ноември треба да сведочат в.д. амбасадорот во Украина Вилијам Тејлор и заменик помошникот државен секретар Џорџ Кент.

Два дена подоцна, истиот Комитет за разузнавање ќе ја сослуша поранешната американска амбасадорка во Украина, Мари Јованович.

Јавните расправи „ќе бидат можност американскиот народ да ги оцени сведоците сами“, рече претседателот на Комитетот за разузнавање, Адам Шиф.

Тој прецизира дека и покрај дневните негирања од Трамп, на сослушувањата ќе бидат потврдени фактите.

„Овие ќе бидат први од отворените сослушувања. И мислам дека ќе видите во текот на сведочењето, не само на нивното сведочење, но и на многу други, дека најважните факти во најголем дел не се оспорени“.

Истражителите разгледуваат дали Трамп ја злоупотребил неговата функција и побарал странска помош за да го таргетира политичкиот ривал Џо Бајден.

Имено, демократите ги испитуваат барањата на Трамп за наводно политички мотивирани истраги од страна на Украина, а за возврат Соединетите држави да ја задржат воената помош за таа земја.

Републиканците, сепак, инсистираат на тоа дека Трамп не сторил ништо лошо и ги обвинуваат демократите дека избегнуваат да повикаат сведоци што можат да помогнат во ослободувањето на Трамп од обвинувањата.

Трамп на изборен митинг во Луизијана вака го искоментира целиот случај со Украина:

„Заспаниот Џо Бајден, кој е глупав како камен, рече: Отпуштето го момчето, добивате милијарда долари, нема да го отпуштите, не добивате ништо“. И, тоа е снимено“

Во меѓувреме, Комитетот за разузнавање кој ја води истргата за импичмент на Трамп го објавија изводот од сведочењето на амбасадорот Вилијам Тејлор.

Тоа било дадено во Комитетот зад затворена врата на 22 октомври и се смета за едно од најштетните за администрацијата на Трамп до сега.

Имено, Тејлор наведува како да се реализираат скоро 400 милиони долари американска помош за Украина во замена за истрага во која ќе биде инволвиран демократскиот ривал Бајден.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG