Достапни линкови

Кој е новиот селектор на женскиот фудбалски тим на САД?


Влатко Андоновски на кормилото на американскиот женски фудбал
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Влатко Андоновски на кормилото на американскиот женски фудбал

Влатко Андоновски ја презеде една од најпосакуваните позиции во женскиот фудбал, кормилото на американската репрезентација. До ова доаѓа во пресрет на нејзината рекордна четврта титула во Светскиот куп.

Андоновски, кој беше тренер во Националната професионална женска фудбалска лига дојде на местото на Џил Елис.

Таа по победата во Светскиот куп во јули, најави дека ќе се повлече.

Претседателот на американската фудбалска федерација Карлос Кордеиро на промовирањето на новиот селектор изјави:

„Влатко е познат по длабокото разбирање на играта, неговата неспоредлива подготовка и неговата тактичка флексибилност. Искрено, не можам да замислам подобар за овој тим во овој момент“.

43 годишниот Македонецот им рече на новинарите дека квалификациите за Олимпискиот турнир во Токио 2020 година е „прва работа на неговата агендата“ и дека ќе направи микс од стари и нови фудбалерки.

„Имаме многу искусен тим - имаме играчи кои се на меѓународната сцена, кои имаат победено големи игри, големи турнири, па затоа ќе се потпираме врз нив многу, но, тоа не значи дека нема да го прошириме списокот“.

И самиот фудбалер, Андоновски работеше како тренер во Националната лига од 2013 година, и со тимот Канзас сити има две титули, во 2014 и 2015 година.

Пред да допатува во САД, играл како дефанзивец во тимовите на Работнички, Македонија ЃП и Вардар.

Во САД доаѓа во 2000 година, по што продолжил да игра фудбал во сала.

По завршувањето на фудбалската кариера, во 2006 година продолжува како тренер во САД.

Генералниот менаџер на националниот тим Кејт Маркграф изјави дека разговарала со сегашните и поранешните играчи за време на процесот на селекција и оти тренерскиот запис на Андоновски „зборува сам за себе“.

Тој му се приклучува на националниот тим на неколку месеци откако играчите поднесоа тужба за родова дискриминација против раководното тело.

Запрашан за прашањето за родова еднаквост во однос на платата, Андоновски рече дека „многу го почитува тоа“.

Тимот ја тужеше американската фудбалска асоцијација во март и сега го чека датумот на судењето мај 2020 година, откако во август не успеа посредувањето меѓу двете страни.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG