Достапни линкови

Србија-со Кина економска, со Русија и воена соработка


Србија и воено-економската соработка со Русија и Кина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Србија и воено-економската соработка со Русија и Кина

Во Москва договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската економска унија, предводена од Русија, а во Белград по едномесечен пат, пристигна првиот кинески товарен на новата директна шпедитерска линија меѓу Кина и Србија. Во меѓувреме, во Србија пристигнаа руски ракетни системи кои досега никогаш не биле надвор од Русија.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ потврди дека руските ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400 и Панцир-С ќе учествуваат на заедничките српско-руски воени вежби.

„С-400 е во земјата поради оваа вежба и утре ќе одам да го видам директно, а Панцир С ќе го видам в сабота. Панцир С го нарачавме“.

Тоа претходно го соопшти и руското Министерство за одбрана, додавајќи дека ракетните системи „земја-воздух“ биле распоредени во базата Батајница, во близина на Белград.

Ова е за прв пат овие системи да се појават на воени вежби надвор од Русија, се додава во соопштението на руското министерството.

Единиците ќе учествуваат во втората фаза на руско-српската вежба за воздушна одбрана „Словенски штит 2019“ што ќе трае до 29 октомври.

Првата фаза се одржа во јужниот руски регион Астрахан во септември. Србија, чија војска се базира врз екс-советската технологија за оружје, во последните години набави борбени авиони МиГ-29, како и хеликоптери, тенкови и оклопни возила од Русија.

Двете земји исто така ја зајакнаа разузнавачката соработка.

Деновиве Сергеј Наришкин, шеф на руската служба за надворешно разузнавање, за српската државна телевизија РТС изјави дека двете држави вршат „сложени меѓусебни операции“ за да ги заштитат своите надворешни интереси.

Инаку, Вучиќ го потврди пристигнувањето на руските ракетни системи на церемонијата за одбележување на пристигнувањето на првиот товарен воз од Кина во Белград.

Патот од над 10.500 километри помеѓу кинескиот град Џинан и Белград возот го мина за еден месец и донесе повеќе од 500 тони градежна опрема што ќе ја користат кинеските компании кои градат брза железничка линија помеѓу Белград и унгарскиот главен град Будимпешта.

Иако Србија се стреми да влезе во Европската унија, таа ги задржа блиските врски со Кина и со Русија.

Според оценките во Белград, влегувањето на Србија во трговска соработка со Евроазиската економска унија ќе значи нејзина целосна нова фаза со оглед на тоа што влегува на пазар со капацитет од над 182 милиона потрошувачи.

Оваа унија е основана во 2015 година, и во неа како членки се вклучени: Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG