Достапни линкови

Курдските борци се повлекуваат од сириските градови


Ердоган: ако не е се испочитувано, ја продолжуваме офанзивата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Ердоган: ако не е се испочитувано, ја продолжуваме офанзивата

Портпарол на главната курдска група во Сирија изјави дека курдските борци го напуштиле северниот град Рас ал Ајин и оти во него веќе немало нивно вооружено присуство. Во меѓувреме, турскиот претседател Ердиган повтори дека ако не биде испочитувано се што било договорено ќе ја продолжи офанзивата.

Евакуацијата е дел од спогодбата со Турција постигната со посредство на Соединетите држави. Според овој договор, турските сили воведоа петдневно примирје на северот на Сирија за да им дозволат на курдските единици да се повлечат од граничниот појас што Анкара има намера да го претвори во „безбедна зона“.

Договорениот прекин на огнот истекува утре.

По повлекувањето курдските борци треба да се распоредат во зона од 120 километри меѓу градовите Рас ал Ајин и Таб Абад.

Вашингтон ги поддржуваше Курдите во борбата против милитантите на Исламската држава, додека Турција ги смета Курдите за терористи.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повтори предупредувањето во случај да не се испочитува договореното со посредувањето на Соединетите држави:

„Ако ова повлекување на курдските сили се спроведе, тогаш е добро. Ако не, веднаш по истекот на 120 часа, ние ќе ја продолжиме нашата операција Пролет на мирот каде што застанавме. Ова и го кажавме на делегацијата што ја испрати Г-дин Трамп, исто така и на земјите членки на ЕУ“.

Американските сили беа видени во неделата како го напуштаат курдскиот град Тел Тамр во североисточна Сирија.

Претходно американскиот министер за одбрана Марк Еспер рече дека според сегашниот план сите трупи што ја напуштаат Сирија ќе одат во западен Ирак од каде што ќе ја продолжат акцијата против Исламската држава.

Неговите коментари беа првите кои конкретно посочија каде ќе одат американските трупи кои се префрлаат од Сирија и како би можела да изгледа борбата против Исламската држава.

Трамп нареди најголемиот дел од приближно 1.000 американски војници во Сирија да се повлечат, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонскиот повик јасно стави до знаење дека неговите сили влегуваат во Сирија за да извршат притисок врз курдските борци.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG