Достапни линкови

ЕУ: надеж за заклучок за Северна Македонија и Албанија


ЕУ самит, прв ден: без заклучок за Северна Македонија и Албанија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

ЕУ самит, прв ден: без одлука за Северна Македонија и Албанија

Лидерите на Европската унија го завршија првиот ден од нивниот состанок во Брисел без да донесат одлука за потенцијалното членство на Северна Македонија и Албанија.

„Нема заклучоци денеска“, изјави рано изутрината финскиот премиер Анти Рине, на излегувањето од зградата на Советот на Европската унија во раните утрински часови, по завршувањето на првиот ден од клучниот дводневен самит во Брисел.

Запрашан дали е можно тоа да се случи денеска тој рече:

„Не сум сигурен дали е можно, но се надевам дека е можно да се постигне договор“.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа пак прецизира дека договорот не бил можно да се постигне поради несогласување на три земји членки.

„Има извесна разочараност. Мора да признаеме дека не успеавме да постигнеме согласност, бидејќи три земји одбија да ги поканат двете земји да почнат преговори“, рече тој, наведувајќи дека станува збор за Франција, Холандија и Данска.

Статусот на разговорите за потенцијалното членство за Северна Македонија и Албанија останува нејасен пред вториот и последен ден од самитот.

Рине изјави дека дискусијата ќе продолжи денеска, но холандскиот премиер Марк Руте рече дека лидерите на ЕУ ќе го преиспитаат ова прашање на следниот самит.

Северна Македонија и Албанија очекуваа оваа недела да добијат зелено светло за да започнат преговори за влез во Унијата.

Европската комисија, која ги надгледува разговорите за пристап, инсистира на тоа дека и двете земји ги исполниле сите критериуми.

Но, францускиот претседател Емануел Макрон одбива да дозволи какви било нови земји во блокот со 28 држави сè додека не се подобрат процедурите за проширување, додека Холандија се спротивставува на кандидатурата на Албанија и ја оспорува оценката на Комисијата.

Другите земји изразија загриженост дека одложувањето на членството може да помогне во обидите на Русија или Кина да го зголемат своето влијание во регионот.

Германската канцеларка Ангела Меркел, зборувајќи во парламентот во Берлин во четвртокот ги притисна нејзините европски колеги да направат напори за брзо интегрирање на двете змји во Унијата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG