Достапни линкови

Се утврдува причината за труењето во косовската изборна комисија


На Косово привремено прекинато броењето на гласовите од изборите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

На Косово привремено прекинато броењето на гласовите од изборите

Самоопределување побара од надлежните да ја разјаснат ситуацијата во врска со, како што се наведува, „труењето“ на членови на Централната изборна комисија на Косово. Тие во текот на вчерашното броење на гласовите во коверти пристигнати од Србија имале здравстевни проблеми.

Во соопштението на Самоопределување, партија која победи на предвремените избори пред една недела се наведува дека ковертите не биле испратени по пошта, како што е предвидено со закон, туку нелегално ги внесла Канцеларијата за врски на Србија во Приштина.

Српската канцеларија и партијата „Српска листа“ која е поддржана од Белград пак го негираа тоа и инцидентот го оценија како „манипулација“ во момент кога се формира новиот косовски кабинет.

Повеќе од 20 членови на косовската Централна изборна комисија биле однесени во болница со здравствени односно алергиски проблеми, откако отвориле неколку гласачки коверти од Србија.

Насер Рамадани, раководител на Националниот институт за јавно здравје изјави дека девет жени, меѓу кои и две бремени, биле третирани на чешање и повраќање.

„Околу 12 часот, девет жени пациентки беа примени во одделот за инфективни болести. Имаа чешање на рацете и повраќање. Сите беа во состојба на паника. Ниту една од нив не покажа знаци на инфекција и нивните услови сега се стабилни. Сите пациенти рекоа дека кога ги отвориле гласачките кутии, помирисале лоша арома“.

Рамадани додаде дека лабораториските резултати се очекуваат за 48 часа.

Полицијата го потврди инцидентот, но одби да даде детали, наведувајќи дека била покрената истрага.

Претседателката на Централната изборна комисија Валдете Дака изјави дека инцидентот го истражува полицијата и оти 15.500 коверти со гласови од дијаспората денеска ќе и бидат доставени на полицијата.

Според првичните резултати, опозициската левичарска партија Самоопределување освои 26 насто од гласовите, додека друга опозициска партија, централно-десничарската Демократска лига на Косово 25 проценти.

Гласовите од дијаспората традиционално одат кај Самоопределување.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG