Достапни линкови

Турската војска влезе во Сирија


Турција почна и копнена офанзива во Сирија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Турција почна и копнена офанзива во Сирија

Претставници на турската армија и на сириската бунтовничка група која исто така учествува во офанзивата соопштија дека копнената операција почнала во средата вечер и оти војниците се движеле во правец на градот Тал Абјада кој е под контрола на курдските Единици за заштита на народот.

Турција неколку часа претходно почна воена операција против курдските сили со воздушни напади и со артилериски оган врз областите на североистокот на Сирија.

Според некои наводи, притоа загинале најмалку 15 луѓе, од кои 8 цивили, додека 40 други биле ранети.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повтори дека цел на акцијата е создавање безбедна погранична зона.

Претходно, Соединетите држави се повлекоа од таа област со што се отвори вратата за турскиот напад врз курдските сили кои долго време му беа сојузник на Вашингтон во борбата против екстремистите на Исламската држава.

Бранејќи ја својата критикувана одлука и од демократите и од неговите републиканци, претседателот Доналд Трамп изјави дека сириските Курди не „им помогнаа на Соединетите држави во Нормандија“.

„Сега, Курдите се борат за својата земја, колку да разбрете. Како што некој напиша во многу моќна статија денеска, тие не ни помогнаа во Втората светска војна. Тие не ни помогнаа со Нормандија како на пример. Тие спомнуваат имиња на различни битки и тие се таму за да ни помогнат во нивната земја“.

Трамп исто така повтори дека ќе ја уништи турската економија доколку Анкара го избрише курдското население во Сирија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пак, ги негираше наводите дека турската офанзива била одобрена од Вашингтон.

„Ова е погрешно. Соединетите држави не и дадоа зелено светло на Турција“.

Во меѓувреме, расте загриженоста кај меѓународната заедница во врска со последиците од турската офанзива при што се бара од Анкара да покаже воздржаност.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG