Достапни линкови

Трамп ја потврди одлуката за повлeкување од Сирија


Трамп: одлуката за повлекување од Сирија е цврста
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Трамп: одлуката за повлекување од Сирија е цврста

Американскиот претседател Доналд Трамп ја бранеше неговата одлука да ги напушти курдските борци во Сирија како исполнување на предизборно ветување за повлекување од, како што рече, „бескрајната војна“ на Блискиот исток. Оваа одлука наиде и на критики во неговата Републиканска партија дека со тоа тој жртвува важен американски сојузник и го поткопува американскиот кредибилитет во светот.

Претседателот Трамп за време на средбата со воените лидери во Белата Куќа изјави дека американските трупи ќе се повлечат пред очекуваниот турски напад врз Курдите, кои со години се бореа заедно со Американците.

„Па, ние долго време бевме во Сирија, а требаше тоа да биде многу краток удар врз ИСИС, но не функционира на таков начин. Тие никогаш не заминаа и беа таму многу, многу години“.

Трамп прецизира дека на повлекувањето на американските сили се работело подолго време и оти станува збор за цврста одлука.

„Секогаш е цврста одлука. Минатиот пат донесов цврста одлука, но реков дека ќе го сториме тоа за одреден временски период“.

Во последните недели, изгледа дека Соединетите држави и Турција постигнаа очигледен компромис околу турската загриженост за присуството на курдските борци кои Турција ги смета за закана и намерата на Турција да формира безбедна зона источно од реката Еуфрат со крајна цел таму да бидат сместени околу 2 милиона сириски бегалци.

Но, Трамп се закани дека Соединетите држави ќе ја уништат турската економија ако во таа акција се отиде предалеку.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој се наоѓа во посета на Србија најави скорашен почеток на воената операција против курдските единици кои Анкара ги смета за терористички.

Курдите тоа го оценија како кршење на гаранциите што ги добија од САД и предупредија дека заминувањето на американските сили би можело да доведе до враќање на Исламската држава.

Американските и турски војници спроведуваа заеднички патроли во зона по должината на турско сириската граница.

Како дел од таа работа, бариерите дизајнирани да ги заштитат Курдите беа демонтирани поради гаранцијата дека Турција нема да ги нападне.

Најновата одлука на Трамп ја стави воената состојба во Сирија во нов хаос и внесе подлабока неизвесност во односите на САД со европските сојузници.

Одлуката наиде и на критики во неговата Републиканска партија дека со тоа тој жртвува важен американски сојузник и го поткопува американскиот кредибилитет во светот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG