Достапни линкови

Конгресот покрена истрага за импичмент на Трамп


Пелоси за Трамп: „Никој не е над законот“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Пелоси за Трамп: „Никој не е над законот“

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси од Демократската партија, покрена официјална истрага за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Овој потег, според посматрачите, ќе го продлабочи судирот меѓу Конгресот и Трамп пред претседателските избори и може да доведе до натамошни поделби во земјата.

Истрагата се фокусира врз тоа дали Трамп ги злоупотребил своите претседателски овластувања и побарал помош од странска влада за неговиот реизбор, дејствија за кои Пелоси изјави дека значат „предавство“.

„Денес, јас објавувам дека Претставничкиот дом покренува официјална истрага за импичмент. Ги насочувам нашите шест комитети да ги продолжат нивните истраги под чадорот на истрагата за отповикување. Претседателот мора да биде одговорен. Никој не е над Законот“.

Пелоси долго време се спротивставуваше на покренувањето импичмент, но нејзината пратеничка група го засили притисокот по извештаите дека Трамп побарал од претседателот на Украина да ги истражи тамошните активности на синот на неговиот политички ривал, демократот Џо Бајден.

Тој во време кога Бајден бил потпретседател на САД наводно бил привилегиран во работењето со Украина.

Трамп, кој е во Њујорк во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации претстојната истрага ја нарече „лов на вештерки“ и предвиде дека тоа само ќе ги зголеми неговите шанси да добие уште еден претседателски мандат.

„Па, не сум го слушнал ова. Гледајте, тоа е само продолжение на ловот на вештерки. Тоа е најлошиот лов на вештерки во политичката историја. Имаме најсилна економија што некогаш сме ја имале“.

Покренатата постапка веројатно нема да доведе и до сменување на американскиот претседател со оглед на тоа што тој ја има поддршката од републиканското мнозинство во Сенатот.

Сепак, одлуката на Пелоси, според посматрачите која е резултат од последователната конфронтација на нејзината партија со претседателот Трамп внесува длабока неизвесност во трката за Белата куќа во 2020 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG