Достапни линкови

Трамп: Нобеловата награда е местенка


Трамп: заслужувам Нобелова награда за многу работи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Трамп: заслужувам Нобелова награда за многу работи

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека заслужува да ја добие Нобеловата награда, но оти нема тоа да се случи, бидејќи се било наместено. Ова тој го изјави на средбата со пакистанскиот премиер на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Мислам дека ќе добијам Нобелова награда за многу работи, ако тие ја даваат праведно, што не го прават. Тие му ја дадоа на Обама, веднаш по неговото преземање напретседателството. Тој немаше идеја зошто го доби тоа, и знаете што? Тоа беше единственото нешто што се согласив со него“, рече претседателот Трамп.

Кога на 10 ноември 2009 година ја прими Нобеловата награда, Барак Обама укажа на значајната контраверзност предизвикана со таа неочекувана награда на почетокот на неговиот прв мандат.

„Јас сум на почетокот, а не на крајот на својата работа на меѓународната сцена“, рече тогаш Обама.

Покрај него уште тројца американски претседатели ја добија Нобеловата награда за мир: Теодор Рузвелт, Вудро Вилсон и Џими Картер.

Претседателот Трамп претходно, заедно со потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео неочекувано упадна на климатскиот самит на Обединетите нации иако најави дека нема да присуствува со оглед на тоа што е домаќин на собирот на Светската организација за верските слободи.

Тој притоа изјави дека дошол, бидејќи бил, како што рече, „голем верник во чист воздух и чиста вода“.

Сепак, Трамп важи за еден од најголемите опоненти на тврдењата за климатските промени.

Тој ја има стопирано секоја голема американска регулатива насочена кон борбата против овие промени.

Трамп на собирот не говореше, туку само ги слуша забелешките на германската канцеларка Ангела Меркел и на индискиот премиер Нарендра Моди.

Со климатските влијанија и екстремното време, топењето на ледниците и зголемувањето на нивото на морето се одвиваат многу побрзо отколку што се очекуваше, па научниците сметаат дека итноста на кризата се повеќе се зголемува и оти Договорот од Париз е застарен.

Заложбите направени досега, според овој договор, воопшто не се доволни за да се спречи катастрофалното затоплување, велат научниците, додавајќи дека во минатата година емисијата на јаглерод достигна рекордно високо ниво.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG