Достапни линкови

Во Албанија страв и очекување по големиот земјотрес


По најголемиот земјотрес во Албанија во изминативе 30 години
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:53 0:00

По најголемиот земјотрес во Албанија во изминативе 30 години

Многу луѓе во Тирана и во Драч не смееле да се вратат во нивните домови поради бројните дополнителни потреси кои уследија по земјотресот од 5,6 степени во кој беа повредени над 100 луѓе, а неколку стотици згради биле уништени. Се наведува дека по големиот во саботата, имало уште 340 дополнителни земјотреси.

Инспекторите и натаму ја продолжуваат работата околу проценката на оштетените градби. Вкупно 562 куќи имале различни степени на оштетување, а 34 станбени згради биле со пукнатини.

На некои жители на Тирана им било кажано воопшто да не се враќаат во своите станови бидејќи биле проценети како небезбедни.

Во Драч жителите и натаму се плашат давлезат во нивните станиви, па војската поставила шатори на фудбалскиот стадион.

Министерството за одбрана соопшти дека тоа бил најсилниот земјотрес во Албанија во последните 30 години.

60 годишниот дрводелец Аргон, вели:

„Тоа беше силен земјотрес. Кога се случи, знаевме дека е земјотрес, видов дека алатките се движат додека се обидував да ги фатам од паѓање, се чувствуваше како да се наоѓам на брод. Многумина беа повредени кога паднаа. Слушнав дека некој ја скршил ногата. Со други зборови, станува збор за многу силен земјотрес “.

Неговиот колега Кемал Заболи пак додава:

„Луѓето генерално беа исплашени, тие се обидуваа да излезат, но секако секунди по земјотресот, нема време да излезе. Вие дури и не можете да го користите лифтот или скалите. Всушност, грешка е да се користи лифтот. Сите излегоа надвор, но во нашата област немаше штети “.

Селим Реџепи, исто така вели дека немало толку силен земјотрес досега:

„Беше ужасно чувство, кога земјотресот нè погоди првиот пат кога бевме внатре беше толку силен, што тешко излеговме. Имаше деца внатре, како што избегаа некои од нив се повредени. Две од моите деца се повредија и 25 годишно момче се повреди исто така во главата. Се исплашивме, беше толку силно, никогаш порано не сме почувствувале вакво нешто“.

Повеќето од повредените стотина луѓе раните ги здобиле додека бегале во паника од нивните домови. Дел од нив по лекарскиот третман бил пуштени.

Премиерот Еди Рама изјави дека добил повици од неговите европски колеги кои му понудиле помош.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG