Достапни линкови

САД го обвинија Иран за нападите во Саудиска Арабија


Трамп: ќе одговориме на нападот во Саудиска Арабија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Трамп: ќе одговориме на нападот во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите држави се подготвени да одговорат на нападот од 14 септeмври со кој беше оневозможена половината од нафтената продукција на Саудиска Арабија. Иран ги отфрли обвинувањата од Вашингтон дека стои зад нападот.

„Чекаме да слушнеме од саудиското кралство да каже кој стои зад нападот и под кои услови да постапуваме“, напиша Трамп на Твитер, наведувајќи дека САД имаат сознанија за кој станува збор.

Претходно јеменските бунтовници кои се поддржани од Иран, соопштија дека го извршиле нападот, но Вашингтон го обвини самиот Иран.

Државниот секретар Мајк Помпео изјави дека немало докази оти нападите дошле од Јемен.

Иран ги отфрли обвинувањата дека ги организирал нападите со беспилотни летала врз саудиските нафтени постројки, посочувајќи дека Вашингтон бара изговор да се одмазди против Исламската република.

Претседателот на Иран Хасан Рохани изјави:

„Американците наместо да се обвинуваат себе си - и да признаат дека нивното присуство во регионот создава проблеми - ги обвинуваат земјите од регионот или народот на Јемен“.

Техеран и Вашингтон се во своевидна кавга од мај минатата година, кога претседателот Доналд Трамп се повлече од мултилатералниот договор во 2015 година, кој ветуваше ослободување на Иран од санкциите, како замена за ограничување на неговата нуклеарна програма.

Нападот со беспилотни летала во саботата врз постројката „Абкаик“ во Саудиска Арабија и нафтеното поле Кураис доведе до прекин на околу 5,7 милиони барели од производството на сурова нафта на кралството дневно, што е еквивалентно на повеќе од 5 насто од светското дневно снабдување.

Трамп твитна дека нападите „може да имаат влијание врз цените на нафтата“, поради што САД решија да ја ослободат дел од нафтените резерви за „да ги одржуваат пазарите добро снабдени“.

Трамп исто така ја оспори идејата за безусловна средба со иранскиот претседател Рохани иако неговите советници рекоа дека тој бил подготвен за тоа.

„Лажните вести велат дека сум подготвен да се сретнам со Иран, без услови. Ова е погрешна изјава (како и обично!)“ напиша Трамп на Твитер.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG