Достапни линкови

Чуден крај на надежите за мир во Авганистан


Ќе гинат многу Американци, се заканија талибанците
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Ќе гинат многу Американци, се заканија талибанците

Одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги откаже мировните преговори за Авганистан ќе чини многу американски животи, соопштија талибанците. Во исто време Соединетите држави најавија дека ќе продолжат да вршат притисок врз милитантите. Ова е малку чуден исход на ветувачките напорите за постигнување договор за крај на скоро 20 годишната војна во Авганистан.

Талибанците соопштија дека ненадејната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за откажување на мировните преговори за ставање крај на војната во Авганистан, ќе резултира со нови загуби за Америка.

Претходно, Трамп неочекувано ја откажа неделната средба со лидерите на Талибанците во „Кемп Дејвид“.

Администрацијата на Трамп се обидува да ја натера бунтовничката група да и се приклучи на авганистанската влада - наместо да ја собори - и да ги врати дома американските трупи од војната што се одолговлекува веќе 18 години.

Трамп во саботата твитна дека ја откажал тајната средба поради нападот на Талибанците во четвртокот во Кабул во кој загинаа 12 лица, меѓу кои и американски војник.

Но, некои од неговите критичари се прашуваат зошто Трамп воопшто ги покани талибанците во „Кемп Дејвид“ и тоа само неколку дена пред годишнината од нападите на 11-ти септември врз САД, кои талибанците ги поддржаа.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја бранеше одлуката.

„Не грешете, бевме многу внимателни. Размислувавме за ова долго време. На крајот, претседателот донесе одлука дека ова е вистинското место“.

Поранешниот секретар за одбрана на Трамп Џејмс Матис, кој како маринец ги водеше американските трупи во Авганистан, веднаш по нападите врз Соединетите држави пак, изјави:

„Јас би рекол дека на крајот сите војни завршуваат и јас ги поздравувам напорите и обидите за прекинување на таа војна“.

Трамп долго време сака да стави крај на американското учество во Авганистан, со оглед и на големите трошоци, 30 милијарди долари годишно.

Мировните преговори за Авганистан се во мирување, а Вашингтон соопшти дека нема да ги повлече трупите од регионот.

Талибанците сега контролираат повеќе територии отколку во кое било време од 2001 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG