Достапни линкови

Италија со нова влада против предвремени избори


Италија пред нова влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Италија пред нова влада

Членовите на италијанското антисистемско движење „Пет ѕвезди“ ја поддржаа предложената владејачка коалција со центристичката Демократска партија со што се отвора патот за формирање нова влада. Сега мандаторот за состав на новата влада Џузепе Конте треба на шефот на државата Серџо Матарели да му го претстави составот на неговиот кабинет.

Лидерот на италијанскиот популистичко движење „Пет ѕвезди“ Луиџи Ди Мајо соопшти дека огромно мнозинство активисти вчера преку интернет гласале за формирање коалициска влада со Демократската партија, досегашниот главен ривал на ова движење.

„Рекордниот број граѓани кои учествуваа на гласањето, со големо мнозинство кажаа „Да“ на раѓањето на новата влада со италијанскиот премиер Џузепе Конте во коалиција во која движењето „Пет ѕвезди“ ќе биде мнозинска политичка сила“.

Двете партии ќе имаат мало мнозинство во парламентот, каде што Конте мора да добие доверба за да може да владее.

Претходната владејачка коалиција меѓу „Пет ѕвезди“ и и екстремно десничарската Лига на министерот за внатрешни работи Матео Салвини, се распадна во минатиот месец кога тој ја откажа поддршката со надеж дека ќе иницира предвремени избори кои пак ќе му овозможат да стане премиер.

Салвини, како реакција на онлајн гласањето на „Пет ѕвезди“ на Фејсбук објави видео порака:

„Тие го одложија времето за гласање за некое време, но нема да можат да го сторат тоа на неодредено време. Ние ќе победиме. Ние ќе победиме“.

Само околу 115.000 луѓе имаа право да гласаат на он-лајн платформата на „Пет ѕвезди“, наречена „Русо“. На парламентарните избори во март минатата година за „Пет ѕвезди“ гласаа 10 милиони Италијанци што значеше и прво влегување на оваа движење во владата.

Според италијанските медиуми, лидерот на „Пет ѕвезди“ Џузепе ди Мајо од новата влада ќе бара да ги ублажи указите што ги донесе претходната влада, како на пример за драконските казни за приватните спасувачи на бегалците и мигрантите.

Движењето и натаму се залага за даночна реформа и воведување општа минимална плата и намалување на бројот на пратеници.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG