Достапни линкови

Италија пред предвремени избори?


Италијанскиот претседател Серџио Матарела денеска ги започнува разговорите со клучните играчи во обид да и стави крај на италијанската политичка неизвесност, ден откако премиерот Џузепе Конте поднесе оставка.

Вообичаено умерениот Конте поднесе оставката, откако невообичаено жестоко го обвини крајно екстремно десничарскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини дека во уривањето на владата се водел од лични интереси.

Италија во длабока политичка неизвесност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

„Неодговорно е да се иницира криза на владата“, рече Конте во Сенатот, откако Салвини ја втурна Италија во политичка криза со шокантната најава на 8 август дека неговата антимигранска партија Лига се повлекува од 14-месечната коалициска влада со Движењето Пет ѕвезди.

Овие две партии, по долги разговори, се согласија Конте да биде премиер пред тој да формира влада во јуни минатата година.

Салвини се надева дека тоа ќе доведе до предвремени избори што може да го направат и иден премиер на Италија.

„Со промовирање на оваа владина криза презедовте голема одговорност кон земјата. Слушнав дека повикувате на „целосно овластување да управувате со земјата“ и повикувате на демонстрации на плоштадите за да ве поддржат. Тоа ме загрижува“, рече Конте.

Веднаш по седницата Салвини изјави дека е „слободен човек“ и оти не се плаши од мислењето на Италијанците.

Тој, исто така ги осуди, како што рече, навредите од премиерот.

„Она што ние денеска го одвојуваме беше говорот на премиерот со навреди кон политичка сила која претставува милиони Италијанци“.

Овој потег ја остави третата по големина економија во еврозоната во политички вакуум сè додека претседателот Матарела, по разговорите со партиите во наредните денови, не реши што понатаму.

Во меѓувреме, тој го задолжи Конте да продолжи да ја води владата, во очекување на следните чекори.

Доколку не биде возможно формирање на нова коалиција, претседателот Матарела би требало да го распушти парламентот.

Тоа ќе води до распишување вонредни парламентарни избори кои најрано би можело да се одржат во октомври годинава.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG