Достапни линкови

Ципрас се закани со ЕУ санкции врз Турција


Резервите на гас кај Кипар ги доскараа Грција и Турција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Резервите на гас кај Кипар ги доскараа Грција и Турција

Грција и Кипар ќе ги притиснат нивните партнери во Европската унија да ја казнат Турција, вклучувајќи и можни санкции, ако Анкара потврди дека започнала да врши дупчење за искористување гас западно од Кипар.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со кипарскиот претседател Никос Анастасиадес изјави дека се согласиле на самитот на Европската унија што ќе се одржи оваа недела да ги запознаат лидерите и да ги уверат да преземат чекори против последните потези на Турција за искористување на наоѓалиштата на гас во близина на Кипар.

„Имав можност да разговарам со кипарскиот претседател, г-дин Никос Анастасиадес и да ги формулираме заедно, на дипломатско ниво и во рамките на Европската Унија, каде што сме членки, чекорите што Кипар и Грција мора да ги преземат. Се согласивме да подготвиме основа на наредниот самит ЕУ да преземе релевантни одлуки, дури и санкции против Турција, ако се потврди дека вршела дупчење во кипарската ексклузивна економска зона“.

Откривањето на профитабилните енергетски резерви во источниот дел на Медитеранот ги зголеми тензиите меѓу Турција и владата на кипарските Грци.

Од минатиот месец еден турски брод е закотвен западно од Кипар.

Никозија и Атина велат дека бродот навлегува во ексклузивната економска зона на Кипар област што Кипар може да ја користи за комерцијална експлоатација.

Турција пак, вели дека областа е на нејзина територија.

„Пораката што сакаме да ја испратиме денес е порака за апсолутна сигурност за грчкиот народ, но исто така и дека кој ги крши суверените права на Грција, кој ги крши суверените права на Кипар – кои се членки на Европската унија - и кој го крши меѓународното право во регионот, треба да знае дека ќе има последици“.

Грција и е близок сојузник на владата во Никозија, а исто така има свои децениски спорови со соседна Турција за прашања поврзани со воздушниот простор во Егејско Море и со правата за искористување на природните ресурси таму.

Во петокот на Малта шефовите на медитеранските држави на Европската унија му понудија целосна поддршка на Кипар во спорот со Турција околу сопственоста на огромни резерви на природен гас откриени на киперскиот брег.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG