Достапни линкови

Наградени инспиративните млади


Шест награди беа доделени на организации и индивидуалци за нивното залагање за промени во заедницата. Наградите за младинско учество се дел од проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Тијана Спасовска доби награда за социјална инклузија, односно за едукација на граѓаните за важноста на почитување на лицата со попреченост. Таа им даваше часови по балет на деца со даунов синдром, по што организираа и претстава. Блаже Јосифовски е награден за нудење иновативни и одржливи решенија за управување и редистрибуција на вишокот храна. Виктор Гелев доби награда за неговиот придонес кон „грасрут“ иницијативи кои решаваат прашања од јавен интерес.

Понатаму, здружението „Млади Можат“, здружението за дислексија „Ајнштајн“ и здружението МЕЛЕЕМ беа наградени во категоријата на младински граѓански организации за своите поединечни придонеси кон решавање на прашања од јавен интерес.

УСАИД доделуваат награди трета година по ред во рамки на проектот за граѓанско учество кое е петгодишна иницијатива. Целта е да се унапредат јавните политики и активното учество на младите.

Што треба да знаете

XS
SM
MD
LG