Достапни линкови

Што по Тереза Меј?


Почнува трката за наследник на Тереза Меј
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Почнува трката за наследник на Тереза Меј

Денешното повлекување на Тереза Меј од функцијата лидер на британската Конзервативна партија не значи и повлекување од нејзината премиерска функција која ќе ја извршува се додека не биде потврден нејзиниот наследник. Меј е премиерка од јули 2016 година, а нејзиното турбулентно владеење беше засенето од одлуката на Британија да ја напушти Европската унија.

Со самата нејзина најава дека ќе ја напушти партиската функција на 7 јуни, започна процесот кој ќе заврши со натпревар за нов шеф на Конзервативната партија, кој потоа како премиер ќе продолжи да раководи со Брегзитот.

Во британскиот парламентарен систем, владејачката партија може да го замени својот лидер на многу начини и да избере нов.

Кој и да биде избран за лидер на конзервативците ќе стане и нов премиер, а на оваа позиција ќе биде во можност да остане до следните избори, кои треба да се одржат во 2022 година.

Сепак, тоа би можело да се случи порано, во случај парламентот да гласа за недоверба на владата.

Во Британија не е непознато да се добие добие нов премиер без избори. Самата Тереза Меј дојде на чело на владата во 2016 година, кога го замени Дејвид Камерон по референдумот за Брегзитот.

Изборот за лидер на конзервативците е отворен за сите 313 пратеници на таа партија.

Конечната одлука ја носат со гласање околу 120.000 членови на партијата низ цела Британија.

Наддавањето официјално ќе започне на 10 јуни, а Тереза Меј ќе остане премиер во технички мандат додека нејзиниот наследник не биде избран.

Оставката на Меј нема да ја промени рамнотежата на силите во длабоко поделениот парламент, кои не можат да се договорат за тоа што треба да биде следниот чекор кон исполнување на желбите на гласачите за напуштање на ЕУ.

„Многу ми е жал што не бев во можност да го испорачам Брегзитот. Но, се разбира, таа работа е сега за мојот наследник, рече Меј по оставката.

Парламентот не го поддржува Брегзитот без договор за истапување, но неговата способност да го спречи тоа ќе биде ограничена ако новиот премиер реши да го преземе тој пат.

Како што стојат работите, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, освен ако не побара понатамошно одложување, а другите членки тоа едногласно не го одобрат.

Некои пратеници се залагаат за нов референдум, додека други тврдат дека само таканаречниот „тежок Брегзит“ претставува почитување на резултатите од референдумот од 2016 година.

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин во јануари се обиде да предизвика предвремени избори кога побара за доверба на владата, но Конзервативната пратеници и пратениците на Демократската унионистичка партија на Северна Ирска и останаа лојални на Меј.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG