Достапни линкови

Европски избори - десниот и левиот центар се уште најбројни


Проекции за пратенички места во Европскиот парламент

Излезноста на изборите за Европскиот парламент се оценува за висока во споредба со претходните избори. Традициналните партии се уште се водечки, но со значителен пад во бројот на освоени пратенички места. Либералите и зелените се во пораст.

Речиси половина од гласачите излегоа на изборите за Европскиот парламент кои неделава се одржуваа во земјите членки на Европската унија, а завршија денеска. Според досегашните резултати, излезносна е околу 51 отсто што се оценува како висока ако се земе предвид дека на минатите избори во 2014 година излензноста беше под 43 отсто.

Првичните резултати од изборите кои пристигнуваат во седиштето на Европскиот парламент покажуваат дека првите места според бројноста ќе ги задржат традиционалните партии на десниот и левиот центар, но дека сепак ќе изгубат значителен број пратеници. Првичните проекции покажуваат и значителен раст на либералите.

Според досегашните резултати на прво место според бројноста останува Европска народна партија, а на второ социјалдемократите. Но, првичните резултати покажуваат и дека Европската народна партија ќе изгуби 46 места, а социјалдемократите 40 пратеници. Либералите, пак, според очекувањата, од овие резултати ќе имаат 32 пратеници повеќе во споредба со минатиот состав.

Екстремно десничарските партии засега покажуваат значителен раст во бројот на пратеници, повеќе од 20.

По земји од досегашните резултати - во Грција води опозициската Нова Демократија на Кирјакос Мицотакис, во Хрватска ХДЗ освои четири пратенички места, СДП три, во Франција екстремно десничарска партија Национален фронт на Марин Ле Пен освои повеќе гласови од опцијата на актуелниот претседател Емануел Макрон, во Германија, ЦДУ, партијата која до скоро ја водеше канцеларката Ангела Меркел, доживеа пад во поддршката но сè уште е водечка, а по неа се зелените кои добија околу 11 отсто повеќе гласови во споредба со претходните избори. Како што се јавува, во Австрија во водство е партијата на канцеларот Себастијан Курц, во Холандија водат социјалистите, а Либерално-конзервативната партија е во водство во Ирска.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG