Достапни линкови

Нова закана на Трамп за можен конфликт со Иран


Трамп се закани дека ќе го уништи Иран
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Само неколку часа по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп до Иран бил извршен ракетен напад врз Зелената зона во Багдад каде што е и американската амбасада. Во регионот на Персисикиот залив расте опасноста од нов конфликт.

Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер му се закани на Иран со што ја зголеми загриженоста за потенцијален конфликт меѓу Соединетите држави и Иран.

„Ако Иран сака да се бори, тоа ќе биде официјален крај на Иран. Никогаш повеќе не им се заканувајте на САД“, пишува Трамп во пораката.

Веднаш потоа дојде до ракетен напад врз Зелената зона во Багдад каде што се сместени зградите на американската амбасада и на ирачката влада.

Ирачката државна агенција јави дека ракетата паднала внатре во областа по што се слушнала силна експлозија, но оти немало жртви.

Ракетата најворајтно била истрелана од источниот дел на Багдад каде што дејствуваат шиитски проирански единици.

До нападот доаѓа во време на зголемени тензии во Персискиот залив откако Вашингтон пред две недели испрати во таа област група носачи на авиони и бомбардери поради загриженост од закани од Иран.

Вашингтон исто така му нареди на дипломатискиот персонал кој не е неопходен да го напушти Ирак.

Претходно, Трамп ги заостри економските санкции против Иран, обвинувајќи го дека претставува закана за американските сили и интереси.

Техеран пак, ваквите американски потези ги окарактеризира како „психолошка војна“ и „политичка игра“.

Според ирачкиот политички аналитичар Ватик ал Хашими, Соединетите држави ја зголемуваат тензијата во врска со безбедносната ситуација во Ирак за да добијат предност во разговорите со Иран.

„САД ќе продолжат со ескалација на тензиите за конечно да постигнат три цели: прво, да поттикнат внатрешни протести во Иран, вршејќи притисок врз земјата, второ, да му го одземат влијанието на Иран врз другите земји од Блискиот Исток и најважната цел е да го вратат Иран на преговарачката маса, но под американски услови“.

Сепак, според Хашими, на краток рок не се можни воени конфликти меѓу Соединетите држави и Иран.

Во Ирак се наоѓаат повеќе од 5 илјади американски војници, но и силни единици кои ја имаат поддршката на Иран и кои бараат заминување на силите на Соединетите држави од таа земја.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG