Достапни линкови

Рама: полицијата покажа прекрасна самоконтрола

Рама: само три секунди инцидент со полицијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Рама: само три секунди инцидент со полицијата

Албанскиот премиер Еди Рама го осуди однесувањето на демонстрантите кои учествуваа во насилните судири во главниот град Тирана во саботата. Според него, главната одговорност за насилствата ја имаа организаторите на протестите, односно опозицијата.

Демонстрантите, кои ја обвинуваат владата на Рама дека е корумпирана и има врски со организираниот криминал се судрија со полицајците и фрлаа молотови коктели, петарди и тврди предмети врз зградата на владата.

Овие саботни демонстрации беа најжестоки во повеќемесечните антивладини активности.

На прес-конференцијата во неделата, Рама ги поддржа акциите на полицијата за време на, како што рече, седумчасовните напади од страна на учесниците на протестот.

Освен, според него, еден инцидент:

„Само ако во текот на овие две или три секунди, двајца полицајци не ги користија своите палки против лице кое и избегало на полицијата“.

Тој притоа, ја критикуваше, како што рече „хистеријата на организаторите на насилните демонстрации“, како и тоа како некои медиуми ги третираа инцидентите на протестите.

„За време на оваа серија протести уверен сум дека државната полиција, како и вчера, кога протестот јасно се претвори во брутална и продолжена демонстрација на насилство, покажа прекрасен професионализам, прекрасна самоконтрола и прекрасна смиреност“.

По протестите беа уапсени најмалку 50 лица за напади врз полицијата и јавните згради.

Опозициските партии протестираат веќе три месеци, обвинуввајќи ја владата за измама на парламентарните избори во 2017 година.

Лидерот на најголемата опозициска Демократска партија Љуљзим Баша вели дека Еди Рама е пречка на албанскиот пат кон Европа.

„Денес сме тука за да испратиме цврста и јасна порака нема повеќе да ви дозволиме да го блокирате патот кон Европа! Рама оди си“.

Европската унија и Соединетите држави оценија дека владата е легитимна и ја повикаа опозицијата да се врати во парламентот и да учествува на локалните избори на 30-ти јуни.

Протестите се одвиваат пред одлуката на земјите-членки на Европската унија дали да го одобри почетокот на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG