Достапни линкови

Википедија на македонски јазик надмина 100 илјади артикли


Википедија на македонски јазик - лого

Со статијата „Среден клеточен волумен“, Википедија на македонски јазик го надмина бројот од 100.000 артикли, што претставува јубилеен успех на најголемата енциклопедија на македонски јазик.

Википедија е слободна енциклопедија која секој може да ја уредува, основана на 15 јануари 2001 година, а на македонски јазик е достапна од август 2003 година, иако заедницата на активни корисници е создадена во 2005 година. Содржините низ текот на годините ги имаат пишувано уредници со различни занимања и знаење од различни области, вклучително и студенти, универзитетски професори и научни истражувачи. Најголем дел од содржините се плод од околу 15 многу активни уредници, кои месечно придонесуваат со повеќе од 100 уредувања кон проектот.

Кои се македонските Википедијанци?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

„Содржините на проектот се разновидни и се поткрепени со веродостојни извори во облик на пишана литература и интернет-страници на повеќе јазици. Голем дел од статиите се илустрирани со слободни слики и фотографии, а некои содржат и слободни видео и аудио-записи. Промените во статиите се прикажуваат веднаш, што овозможува енциклопедијата лесно да се прилагоди на развојот на некои значајни настани, како и на промените во биографиите на живите личности. Со повеќе од три милиони прегледи месечно, Википедија на македонски јазик е едно од најпосетуваните интернет-места во Македонија, а нејзините содржини се преземаат од страна на медиумите и се среќаваат во документарни филмови и текстови со научна содржина“, соопштуваат од Викимедија Македонија.

Википедија на македнски јазик, како што се наведува во соопштението, се соочува и со бројни предизвици, како што се веродостојноста и фактографската точност на содржините, недоволната покриеност на некои теми и нискиот број на активни уредници, а меѓу нив, особено на жените, како и на научните работници.

XS
SM
MD
LG