Достапни линкови

Јавниот обвинител на САД реши веќе да не сведочи во Конгресот

Американскиот јавен обвинител во одбрана на Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Американскиот јавен обвинител во одбрана на Трамп

Со својот кредибилитет под прашање, американскиот јавен обвинител Вилијам Бар енергично го бранеше во Конгресот неговото контроверзно постапување со извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер. Но, веднаш потоа тој реши да не се појави на денешното сведочење и пред Комитетот за правосудство.

Во неговото прво сведочење во Конгресот од објавувањето на редактираната верзија на извештајот Бар ги отфрли наводите од специјалниот советник Мулер дека ги објавил заклучоците на нецелосен начин.

Бар ја бранеше и неговата одлука дека активностите на претседателот Доналд Трамп не биле предмет за истрага, иако Мулер напиша дека Трамп постојано се обидувал да ја попречи истрагата.

„Мислам дека владата немала судски случај“, рече Бар.

Јавниот обвинител ги објасни и неговите постапки во врска со објавувањето на писмото, кое Мулер го испрати до Бар и во кое му забележува дека резимето на Бар на неговиот извештај не успеало да ги долови „контекстот, природата и суштината“ на речиси двегодишната истрага на Мулер.

„Му се јавив на Боб и го прашав: „Што е проблемот тука? Дали тој сугерира дека писмото од 24 март е неточно. Тој рече „не“, но оти известувањето за печатот било неточно“.

Бар реши да не покрене обвинение против Трамп иако Мулер јасно не го ослободува претседателот, оставајќи му на Конгресот да преземе понатамошни акции.

Демократскиот сенатор Патрик Лихи притоа рече:

„Чувствувам дека вашиот одговор беше намерно погрешен“.

Републиканците во одбрана на Бар се обидоа да го свртат фокусот на друго место.

Линдзи Греам изјави:

„Кога извештајот на Мулер ќе биде ставен во постела, а наскоро ќе биде, овој комитет ќе изгледа долг и напорен како што и сето ова започна“.

Инаку, објавената редактирана верзија на извештајот на специјалниот советник на Роберт Мулер стана бестселер во САД.

Само во првата недела од појавувањето биле продадени над 40.000 примероци, што е најмногу од која било друга книга.

Во почетокот на 2017 година Мулер доби задача да спроведе истрага за вмешаноста на Русија во претседателските избори во 2016 година и можните интеракции меѓу соработниците на Доналд Трамп и руски официјални лица.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG