Достапни линкови

Порошенко: изборната кампања како нем филм


Зеленски не дојде на дебатата со Порошенко
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Зеленски не дојде на дебатата со Порошенко

Една недела пред вториот круг од претседателските избори во Украина актуелниот претседател Петро Порошенко се појави на дебата во Олимпискиот стадион во Киев. Но, не и неговиот противкандидат, комичарот Володомир Зеленски.

Зеленски кој впрочем ја предложи ваквата дебата на стадион, а Порошенко прифати не дојде поради несогласувањата околу тоа кога таа би се одржала.

За разлика од Порошенко, Зеленски инсистираше дебатата да се одржи на 19 април.

Зеленски победи во првиот круг со голема разлика, а повеќето, ако не и сите анкети на јавното мислење го ставаат пред актуелниот претседател.

Порошенко, 53-годишен тајкун кој дојде на власт по народното востание во 2014 година, на празниот подиум во стадионот го обвини 41-годишниот политички почетник дека со тоа покажал оти сака да ги избегне тешките прашања.

„Не ми се допаѓа тоа што претседателската кампања во Украина изгледа како нем филм. Не ми се допаѓа кога имаме виртуелен кандидат кој, наместо да учествува во дебатите, води кампања само во видео клипови“.

Тој рече дека ќе го почитува „изборот на украинскиот народ“ ако Зеленски биде избран за претседател на 21 април, но додаде дека е загрижен за иднината на земјата.

Зеленски, чие политичко искуство е ограничено на играње претседател на телевизија, ги избегнува традиционалните собири.

Меѓутоа, тој ја искористи фрустрацијата околу главната политика, војната со бунтовниците поддржани од Кремљ, сиромаштијата и корупцијата за да го победи Порошенко во првиот круг на гласањето на 31 март.

Зеленски рече дека е подготвен да се сретне со претседателот в петок, два дена пред гласањето.

Поддршката за комичарот меѓу гласачите двојно се зголеми од првиот круг на гласање.

Таа сега изнесува над 60 насто, додека Порошенко има само 24 проценти.

Приврзаниците на Порошенко велат дека не сакаат Зеленски да стане претседател поради неискуството и врските на Зеленски со олигархот Игор Коломојски, кој е сопственик на каналот што ги емитува неговите емисии.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG