Достапни линкови

Уште едно одложување на Брегзитот


ЕУ: Брегзитот најдоцна до 31 октомври
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

ЕУ: Брегзитот најдоцна до 31 октомври

Британската премиерка Тереза Меј и лидерите на Европската унија се согласија да го продолжат рокот за Брегзитот до 31 октомври. Лидерите на ЕУ планираат да се сретнат во јуни за да ја преразгледаат ситуацијата.

Лидерите на 27 земји-членки на Европската унија и британската премиерка Тереза Меј се согласија со уште едно одложување на рокот за Брегзитот, односно заминувањето на Британија од Унијата.

Тоа, како што е договорено на вонредниот самит во Брисел, би морало да се случи до 31 октомври годинава.

По самитот, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека станува збор за „флексибилно проширување“, односно „дополнителни шест месеци за Британија да најде најдобро можно решение“.

„Во тоа време, текот на акцијата ќе биде целосно во рацете на Британија. Се уште може да го ратификува договорот за повлекување и во тој случај продолжувањето ќе биде прекинато. Исто така може и да ја преиспита целата стратегија со Брегзитот“.

Ако договорот за повлекување на Британија биде ратификуван од двете страни пред овој датум, повлекувањето ќе се случи на првиот ден од следниот месец.

Унијата инсистира и на тоа дека ако Британија се уште е членка на блокот и ако не го ратификува договорот за повлекување до 22-ри мај, таа мора да одржи избори за Европскиот парламент.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер предупреди дека дополнителното време нема да се искористи за понатамошни преговори.

Како одговор на тоа, британската премиерка Тереза Меј изјави дека таа верува оти Британија треба да ја напушти Европската унија со договор што е можно поскоро.

„Продолжувам да верувам дека треба да ја напуштиме ЕУ со договор колку што е можно поскоро. Важно е што ЕУ се согласи дека продолжувањето може да биде прекинато кога договорот за повлекување ќе биде ратификуван, што беше моето клучно барање до моите колеги“.

Францускиот претседател Емануел Макрон објасни зошто евролидерите се согласиле на вакво одложување:

„Што нè убеди дека мораме да доделиме нова екстензија? Фактот што за првпат во две ипол години Тереза Меј ни објасни дека таа започнала разговор со Лабуристичката партија - прв со децении во британскиот политички систем - што може да и дозволи на неа да изгради мнозинство“.

ЕУ планира да го разгледа напредокот на ситуацијата со Брегзитот на својот летниот самит во јуни.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG