Достапни линкови

Трамп: „Повторно направете ја Грција голема“


Трамп во Белата куќа ја одбележа независноста на Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00

Трамп во Белата куќа ја одбележа независноста на Грција

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потпиша проглас, по повод годишнината од независноста на Грција од Отоманската империја. Тој ова го направи во пресрет на грчкиот празникот што се одбележува на 25-ти март ден кога во 1821 година, Грците кренаа востание.

Претседателот Трамп кој им беше домаќин на собирот во Белата куќа на членови на Грчката православна заедница во еден момент им фрли капа со фразата во стилот на неговата претседателска кампања „Повторно направете ја Грција голема“, напишана на грчки јазик.

„Вечерва, ние исто така ги прославуваме безбројните начини на кои грчките Американци ја зајакнуваат, поттикнуваат и инспирираат нашата нација. Живеете според вредностите што се основа на американската величина, навистина“.

Наведувајќи дека Соединетите држави и целата западна цивилизација се, како што рече, „длабоко обликувани од извонредните достигнувања на грчкиот народ, кои се протегаат до античките времиња“ тој додаде дека грчките поети и филозофи како Хомер и Аристотел му помогнале на човештвото да ги следи вистината, доблеста и правдата:

„И Грција е родно место на демократијата. Сте го слушнале ли тоа?“.

Претседателот Доналд Трамп на средбата со претставници на грчката заедница се осврна и врз економската ситуација во Соединетите држави при што изјави дека на Америка и завидуваат во светот.

„Светот зборува. Кога претседателите и премиерите и другите доаѓаат да ме видат, сите велат „честитки за оваа голема економија што сте ја изградиле“. И тие се обидуваат да го прават истото и не функционираат толку добро, но тоа е во ред. Но, тие се обидуваат“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG