Достапни линкови

8-ми март, цвеќињата и правата на жените


Цвеќиња за еднаквост, Меѓународен ден на жената
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Цвеќиња за еднаквост, Меѓународен ден на жената

По повод 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, толпи купувачи одат во еден од најголемите цветни пазари во Москва. Меѓу нив најмногубројни се бизнисмените кои купуваат цвеќиња за жените вработени кај нив.

Денот на жените во Русија се прославува како државен празник. Но, тоа е најпрофитабилно време во годината за продавачите на цвеќиња.

53 годишната Раиса Кетагурова, патува од Кавказ за Москва пред секој од многубројните државни празници во Русија за да продава цвеќиња. Но, како што вели, најмногу заработува за 8-ми март.

„Знам дека тоа е многу светол, многу потребен и убав празник. Толку многу цвеќиња се купуваат. Многу сум среќна што жените се толку почитувани во Русија“.

Едвај видлива меѓу стотиците лалиња на нејзиниот мал штанд, тинејџерка Сајора Курбанова од Крим вели дека не го сака многу овој ден:

„Како жена ми се допаѓа овој празник, но, исто така, не ми се допаѓа, бидејќи морам да работам цело време“.

Цените на цвеќињата пред 8 март скокаат толку многу што градските власти во Москва секоја година им објавуваат војна на нелиценцираните продавачи на цвеќиња.

Станува збор за рации во кои учествуваат стотици контролори.

Властите, исто така, воведоа телефонска линија за да се пријавуваат неправилности со цените на цвеќињата.

Најдобри клиенти се бизнисмените и менаџерите кои купуваат кутии цвеќиња за нивните женски вработени.

59 годишниот претприемач Валери Савелев кој купи букети лалиња за десетте жени кои работат во неговата приватна компанија вели:

„Тоа е традиција. Тоа не е дека тие очекуваат цвеќе, но отсекогаш било така“. Сепак, тој го смета празнувањето за застарено и, како што вели, „многу советски“.

Како и да е, тој се шегува дека им дава на мажите шанса да бидат добри барем еден ден во годината.

Во земјата каде што сексизмот на работното место е нормално, на Денот на жената се гледа како на поводруските мажи да бидат романтични, на нешто слично како со Денот на вљубените во западна Европа.

Романтичноста ја поттикнуваат и властите, при што лидер е претседателот Путин.

„Знаеме дека срцето на една жена е најлојално и дека нејзиното простување е најскапоцено“, порачува тој за празникот.

Тоа му одговара и на Акбаржон Камбаров, продавач на цвеќиња кој е роден во Таџикистан.

„Има повеќе клиенти на Меѓународниот ден на жената отколку на кој било друг ден и тоа за околу 20 проценти“.

Тој и со објаснување зошто е тоа така:

„Во Русија, нема толку многу љубовници колку што има жени“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG