Достапни линкови

НАТО се подготвува за иднина со повеќе руски ракети


НАТО сака да избегне трка во вооружување со Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

НАТО сака да избегне трка во вооружување со Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг најави дека деновиве ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како дел од напорите за спасување на клучниот договор за контрола на оружјето што е пред раскинување. Тие би требало да се состанат на безбедносната конференција во Минхен, која почнува утре.

НАТО се обидува да ја убеди Москва да се откаже од новиот ракетен систем за кој Алијнасата вели дека претставува кршење на Договорот за нуклеарните сили на среден дострел.

Столтенберг по првиот ден од дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО на кој се разговара за зајакнување на одбраната против новите руски ракети со среден дострел изјави:

„Но, сега проблемот е што Русија продолжува со распоредување на нови нуклеарни ракети во Европа што е јасно кршење на ИНФ договорот. Ова не е прашање кое го покрена администрацијата на Трамп, туку првично беше покренато од администрацијата на Обама, пред скоро шест години“.

САД претходно овој месец го започнаа процесот на излегување од овој договор како одговор на распоредувањето на руските ракети од типот 9М729.

Повлекувањето на САД ќе стапи во сила во август, давајќи шестмесечен период за спасување на договорот, но малкумина очекуваат тоа да се случи.

Столтенберг смета дека НАТО мора да се подготви за „иднина со повеќе ракети“.

Колапсот на Договорот од 1987 година, кој ги забранува ракетните проектили со дострел од 500 до 5.500 километри, предизвика страв од нова трка во вооружување во Европа.

Но, Столтенберг рече дека НАТО нема намера да распореди „нови системи во Европа“.

Тој додаде дека новите руски проектили се само последниот пример за сè посилната позиција на Москва.

„Треба да разбереме дека руските проектили не се изолиран настан или нешто слично. Тие се дел од една поширока слика каде што видовме дека Русија долго време инвестира во модерни воени, вклучувајќи и нови нуклеарни капацитети “.

Москва негира дека ги крши условите од договорот и упати контра-обвинувања против САД.

Михаил Горбачов, поранешниот советски лидер кој го потпиша договорот со тогашниот американски претседател Роналд Реган, жестоко го нападна Вашингтон поради излегувањето од Договорот.

Тој во колумна објавена во рускиот весник Ведомости ги обвини САД дека го напуштиле договорот за да се ослободат од какви било ограничувања во сферата на вооружувањето со цел да добијат апсолутна воена супериорност“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG