Достапни линкови

„Историски грешки“ и криминалци


Архивска фотографија - Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски поранешен претседател на партијата.

Постовите и коментарите, по интервјуто со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се прилично негативни. Но такви се и против владејачката партија, а доста коментари привлекла и веста за интервјуто со Груевски, кој избега од државата.

РСЕ на македонски јазик го направи редовното неделно интервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој, покрај другото изјави дека опозициската партија инсистира на предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските, бидејќи Зоран Заев, како што рече, сакал да ги украде претседателските избори.

Вашите постови и коментари, се забележува, се прилично контра него и ветувањата дека кога ќе дојдат на власт, лека полека, ќе го поништат Преспанскиот договор. Зоре Тасески му реплицира: „Ќе го вратиш договорот од Преспа ко ќе летаТ магарето“, а Ристески Ѓорѓи постирал: „Персоната без став, кажа нешто што неговиот претходник – кукавица го верглаше цело време, само лаги со опашки!“ Аце Милошевски, пак, смета, дека „убеден си дека ќе губиш и измислуваш прикаски“, и го потсетува: „А вие кога им одевте по куќи на луѓето - заборавивте“. И Филип Радевски има негативен став кон Мицкоски: „Тој што е против Договорот од Преспа нема меѓународна поддршка... и ќе си седи во опозиција како овој на сликата кој едно му вика на странците, друго на сопартијците, а трето на медиумите“.

СДСМ реагираше со соопштение и смета дека ако Преспанскиот договор бил историска грешка, „За Мицкоски членството на Македонија во НАТО е историска грешка“. Тука има контра постови против владејачката партија и премиерот и нејзин претседател, Зоран Заев и против нашево Радио. Па Андреј Аврамов напишал: „СДС се г... предавнички, а вие сте гласот на фашистичка Европа“. Горјан Гого Илиевски има слично мислење: „Радио заробена Европа од квислиншките изроди од Македонија сте вие!!!“ Ана Величковиќ, меѓутоа реагира поинаку, алудирајќи на „историската грешка“ за која се изјаснува Мицкоски: „Тие беа грешка 11 години“.

Има и прилично многу ваши коментари по интервјуто на поранешниот премиер и прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Кире Велјановски и Роберт Лазароски отвориле дебата. Велјановски реагира на обраќањето на новинарката во интервјуто па препорачува: „Не му се обраќајте со азилант или бегалец, тоа се благи зборови за него. Тој едноставно е криминалец“. На Лазароски „не“ му е јасно во која смисла Груевски е криминалец, - „за еден мерцедес што сега го вози цела влада“. Кире Велјановски го прашува: „Аха, за еден мерцедес. Ти кај живееше 11 години, извини?“ „Во име на Македонија му се крадело, ама во име на Македонија не му се умирало, сфатете, море луѓе, еееј!“ – постирал Александар С. Владимир Перковски, пак, му се обраќа на Груевски: „Ја ’остави‘ државата за сметка на твојата слобода и пари, бре, политички и финансиски криминалец. Не глуми жртва и патриот. Доста зијан си направил врз својот народ“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG