Достапни линкови

Клучен удар на САД врз режимот во Венецуела


Мадуро: Трамп, рацете надвор од Венецуела
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Мадуро: Трамп, рацете надвор од Венецуела

Неколку часа откако Белата куќа објави санкции врз нафтената компанија „Петролос де Венецуела“, оспорениот претседател Николас Мадуро на државната телевизија го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе има „крв на рацете“ за насилството во неговата земја.

Мадуро и директно му се обрати на Трамп англиски јазик: „И му кажуваме на Доналд Трамп, не се мешај во Венецуела. Рацете надвор од Венецуела, Доналд Трамп, Рацете надвор од Венцуела. Веднаш“.

Мадуро, критикувајќи ги американските санкции сепак изјави дека е подготвен да разговора со опозицијата која е предводена од Хуан Гваидо кој се повеќе земји го признаваат како претседател на Венецуела:

„Подготвен сум - во Венецуела, или во Тринидад и Тобаго, или каде и да е - да започнам рунда разговори, дијалог, преговори, со целата венецуелска опозиција каде, кога и како сакаат“.

Администрацијата на Трамп со најновите санкции го зголеми притисокот врз социјалистичкиот претседател да и ја предаде власта на опозицијата поддржана од САД во земјата која е богата со нафта.

Соопштувајќи ги санкциите, американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон изјави:

„Сега е време да се залагаме за демократија и просперитет во Венецуела. Повторувам дека Соединетите Држави ќе ги држат венецуелските безбедносни сили одговорни за безбедноста на сиот дипломатски персонал, националното собрание и претседателот Гваидо. Секој сериозен напад врз владеењето на правото и ќе биде проследен со значителен одговор“.

Најновиот американски чин значи дека владата на Мадуро ќе го изгуби пристапот до еден од најважните извори на приходи и девизи.

Венецуела е многу зависна од САД за своите нафтени приходи, испраќајќи 41 насто од својот извоз на нафта во САД.

Мадуро може да ги пренасочи околу 500.000 барели дневно нафта што во моментов се продаваат во рафинериите на Мексиканскиот Залив до пазарите во Русија, Кина, Индија, Малезија и Тајланд.

Меѓутоа, обработката на меѓународните финансиски трансакции е тешка без да помине низ американските или европските банки.

Трошоците за превоз, исто така, ќе скокнат, бидејќи пристаништата на Венецуела не се добро опремени за да ги натоварат супертанктерите за транспорт на нафта на далечните пазари.

Тоа значи дека земјата, која речиси целосно зависи од извозот на нафта, ќе може да купи уште помалку храна и други производи што ќе го продлабочи нејзиниот економски колапс.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG