Достапни линкови

Вакцинација дозирана со страв


Вакцина (архива)
Вакцина (архива)

Едни се уплашени да ги вакцинираат децата, а други се уплашени од вакцината. Дали власта успева да едуцира за да ги надмине предрасудите и лажните информации на социјалните мрежи?

По прогласената епидемија во јавноста се зголемува свесноста за потребата од вакцинација против мали сипаници, велат лекарите, но кај дел од граѓаните и натаму постои сомнеж и страв од МРП зошто се повикуваат на научно непотврдената теза дека вакцината предизвикуваaт аутизам или други несакани реакции.

Аферата со старите декларации кај дел од вакцините дополнително внесе загриженост за квалитетот на вакцините кои влегуваат кај нас. Паричната казна за погрешната декаларција не ја отстрани кај сите дилемата дека децата сепак, не примиле вакцини со поминат рок.

Други нагласуваат дека треба да се застане на патот на лажни информации кои се пренесуваат преку социјалните медиуми и на кои се објавуваат податоци за пријавени несакани ефекти и употреба на силни хемски супастанци и загрижувачки сведоштва на родители за последици кај децата.

Она во што се согласни поголемиот број од граѓаните е дека компетентните стручни лица треба на родителите да им ги објаснат и предностите и евентуланите последици од вакцинирањето.

Мислењето е поделно. Едни се уплашени и ги вакцинираат децата, а други се уплашени, но од вакцината затоа што се појавија информации дека предизвикува аутизам. Треба власта да не увери дека се добри вакацините, а не со помнинат рок“

Се е сменото во денешно време и се повеќе се збунети луѓето дали треба да се вакцинираат децата или не“

Веројатно социјалните мрежи придонесуваат полуписмените да стануваат доктори и тоа е голема причина за се што ни случува“, коментираат дел од граѓаните.

Упатените велат дека колку ќе трае епидемијата на мали сипаници најмногу зависи од мерките на превенција кои подразбираат пријавување на заболените, нивна изолација и пред се вакцинирање на децата кои досега не ја примиле МРП.

Лекарите укажуваат дека ризиците кои ова заразно заболување ги носи се низ компликации кои може да завршат со запаление на градите што може да има дури смртен исход. Во најголем ризик се невакцинирани деца, а нивниот број од година во година е се поголем и тоа според некои согледувања, е пред се поради кампањата на антивакциналните групи.

За здравствените власти охрабрувачки е податокот дека свесноста за потребата од имунизација се зголемува, но и натаму опфатот на вакцинирани деца не е на потребното ниво кое обезбедува квалитетно колективно здравје

Во некои општини во главниот град на Македонија 20 проценти од децата остануваат незаштитетни кога станува збор за мали сипаници кои најбргу се шират во предшколските установи. Лекарите велат дека постои можност да заболат и децата кои примиле вакцина, но таа се манифестира во значително благ облик и без компликации.

Александра Грозданова, национален координатор, вели дека свесноста за вакцинацијата треба да се зголемува не само поради епидемијата со морбили туку во континуитет. Според неа, податокот дека во сегашната епидемија сите досега заболени деца од морбили не се вакцинирани можеби допoлнително ги замисли родителите.

„Во овој период на територијата на Скопје вакцинирани се повеќе од 2000 деца и вакцинацијата продолжува секој ден со одличен одзив. Во дел од скопските општини процентот на невакцинирани деца со првата доза на МРП вакцината е над 20 проценти. Овие невакцинирани деца се во ризик да заболат од морбили и тие се приоритет да бидат вакцинирани“, вели професорката Грозданова.

Лекарите велат дека за жал постои страв од вакцината затоа што се посегнува по научно непотврдената теза дека предизвикува аутизам. Има и луѓе кои се убедени дека ризикот од вакцината е поголем отколку ризикот од заразната болест што, исто така, според медицинските лица, не е точно. Лекарите велат дека вакцините се безбедни, а луѓето се во страв, слушајќи квази доктори и оти пред се понесени од информации кои се пренесуваат во медиуми и на социјални мрежи каде што може да се најдат загрижувачки сведоштва на родители. Лекарите сметаат дека треба да се едуцираат родителите и јавноста за да се застан на патот на стравот

„Стравот од МПР вакцина е неоснован, но присутен кај родителите особено поради големиот број на невистини, шпекулации и нестручни информации низ социјалните мрежи.Преку тарнспарентност на секое ниво и подобра комуникација со родителите првенствено од здравствените работници се надеваме дека ќе се подобри состојбата Врќање на авторитетот и довербата во јавното здравство е она што е потребно и на кое мора да работиме. Квалитетот и безбедноста на вакцините е нешто за кое нема компромис“, изјави професорката Грозданова.

Таа додава дека опфатот на имунизација на МРП е во пад во последните години

„Ние се соочувеме со бројка од 70 проценти на вакцинирана популација во некои од општините во Скопје. На територија на држава опфатот е 82 проценти што е сепак далеку од потребните 95 што обезбедува колективно здравје“, вели Грозданова

Инаку, вакцините против мали сипаници во Македонија се употребуваат од 1972 година и отогаш опфатот со имунизцијата на населението инесувал над 98 проценти. Во тие години имало 10 до 15 случаи на заболени и тоа главно дојдени од Косово или друг земји. Зголемениот број на заболени од мали сипаници во Македонија стана актуелен во последните три години и ,според некои лекари, прашање на време беше кога ќе биде прогласена епидемија со оглед на тоа дека луѓето не сакаа да се вакцинираат и сметаа дека вакцината е штетна за организмот на децата. Овие недели откако трае епидемијата градинкките ги затворија вратите за невакцинираните деца.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG