Достапни линкови

Трамп категоричен дека никогаш не работел за Русија


Трамп: Никогаш не работев за Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Трамп: Никогаш не работев за Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никогаш не работел за Русија. Ова е негово прво директно одбивање по извештајот во медиумите дека ФБИ во 2017 година испитувал дали дејствувал против интересите на Соединетите држави.

„Никогаш не сум работел за Русија и го знаете тој одговор подобро од сите. Никогаш не сум работел за Русија“.

Доналд Трамп го изјави ова три дена откако „Њујорк тајмс“ објави дека Федералното истражно биро отворило истрага дали американскиот претседател можеби работел во името на Москва.

„Не само што никогаш не сум работел за Русија, мислам дека тоа е срамота што дури и го поставувате прашањето, бидејќи тоа е цела голема, измама. Тоа е само измама“.

„Њујорк тајмс“ напиша дека ФБИ започна истрага без преседан, откако Трамп го отпушти директорот Џејмс Коми во 2017 година.

Коми во тоа време ја надгледуваше истрагата за наводните руски напори во корист на Трамп на претседателските избори во 2016 година.

Федералното биро било загрижено дека отпуштањето на Коми би можело да биде обид да се попречи не само потенцијална истрага за можните врски меѓу кампањата на Трамп и Москва, туку и да се спречи Бирото да дознае повеќе за руските разузнавачки операции во САД.

По пишувањето на „Њујорк тајмс“ веникот „Вашингтон пост“ објави дека ги скрил белешките од неговите состаноци со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп во текот на викендот рече дека не крие ништо:

„Ги имам тие состаноци, еден на еден, со сите лидери. Вклучувајќи го и претседателот на Кина, вклучувајќи го и премиерот на Јапонија Абе. Ги имаме постојано овие состаноци“.

Претседателството на Трамп е засенето од проценката на разузнавачката заедница дека Русија користела таканаречени „активни мерки“ за да влијае врз изборите во 2016 година.

По изборите, Трамп и неговите помошници понекогаш ги ревидираа, а понекогаш и ги демантираа своите лични и деловни врски со Русија.

Но, Трамп се повлече откако неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен изјави дека прокуратори на Трамп спровеле проект за недвижнини во Москва додека се кандидирал за претседател.

„Овој договор беше многу јавен договор, сите знаат за овој договор, не се обидував да сокријам ништо“.

Специјалниот советник Роберт Милер ја презеде истрагата за ФБИ откако Трамп го отпушти Коми.

Демократите во Конгресот рекоа дека размислуваат да издадат налог за преведувачот на Трамп од неговите состаноци со Путин.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG