Достапни линкови

Православниот Божиќ во светот


Православните христијани го слават Божиќ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Православните христијани го слават Божиќ

Православните христијани чии цркви се водат според Јулијанскиот календар го прославуваат Божиќ.

Православните христијани го слават Божик со собири на верниците во Витлеем, Ерусалим, Каиро, Москва и други градови низ целиот свет по повод светиот ден.

Православните цркви, меѓу кои и оние во Русија, Украина, Грузија, Србија и Ерусалим, се меѓу Православните и Источните обредни цркви кои го слават Божиќ на 7 јануари, користејќи го јулијанскиот календар.

Ерменската православна црква Божиќ го слави на 6 јануари.

Некои православни цркви пак Божиќ го слават на на 25 декември, односно според Грегоријанскиот календар.

Божиќ оваа година доаѓа во тежок период за православието.

Украина во октомври доби одобрение од Вселенскиот Патријарх, духовниот водач на православното христијанство, со седиште во Истанбул, да формира независна црква.

На овој потег жестоко се спротивставува на Русија.

Напорите на Украинците за воспоставување на независна црква се интензивираа откако Русија го анектира Кримскиот Полуостров во март 2014 година и почна да ги поддржува сепаратистите во делови од источните региони на Украина, Доњецк и Луганск.

Во Санкт Петербург рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на церемониите по повод Божиќ.

Присуството на божиќната литургија по полноќ стана традиција за руските лидери - некои од нив, како и долгогодишниот офицер на КГБ Путин, беа поддржувачи на комунистичкиот систем за време на советската ера.

Стотици луѓе го одбележаа Божиќ во Витлеем во Црквата на Христовото раѓање, која е изградена на местото кое традиционално се препознава како место на раѓање на Исус Христос.

Таму грчкиот патријарх Теофилос Трети одржа литургија, додека неколку десетици демонстранти извикуваа „предавници“ во знак на протест поради тоа што Грчката православна црква го продала имотот во источен Ерусалим кој е главно населен со Палестинци на групи кои градаат еврејски населби.

Израел го анектира источниот Ерусалим, но овој потег не е признаен од меѓународната заедница.

Во Каиро, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ја отвори новата катедрала на Коптската православна црква и една од најголемите цркви во регионот.

Тоа доаѓа во време кога исламските милитанти сѐ повеќе се насочуваат против христијанските верници во земјата со смртоносни терористички напади.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG