Достапни линкови

Се шират протестите во Босна и Херцеговина


Метежи и апсења на протестите во Бања Лука
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Метежи и апсења на протестите во Бања Лука

Полицијата во босанскиот град Бања Лука растури десетици демонстранти кои по прошетката низ улиците останаа во центарот на градот. Претходно во неделата илјадници луѓе се собраа во знак на поддршка на родителите на Давид Драгичевиќ во брањето вистина за смртта на нивниот 21-годишен син. Протести имаше и во Сараево.

„Во интерес на вашата безбедност е мирно да се разотидете“. Ова беше предупредувањето на полициските сили пред да ги растурат преостанатите демонстранти на централниот плоштад во Бања Лука.

Претходно таткото на убиеното момче Давор Драгичевиќ ја обвини полицијата дека ги штити убијците на неговиот син и најави дека нема да го напушти централниот плоштад во Бања Лука сé додека не бидат исполнети неговите барања, меѓу кои и оставка на министерсот за внтарешни работи на Република Српска Драган Лукач.

„Не одам, Милорад Додик, Драган Лукач и цела држава, се додека моите барања не бидат исполнети. Не ги исполнивте. Тие ќе бидат се порадикални“.

Давид беше пронајден мртов, откако шест дена беше воден какоисчезнат.

Полицијата првично соопшти дека станува збор за самоубиство, но подоцна изјави дека е можно тој да бил убиен.

Обвинителството отвори истрага за убиство, која сé уште е во тек.

Официјални претставници на босанските Срби негираат дека ги штитат осомничените за овој случај.

Тензиите се зголемија во српскиот дел на Босна од вторникот, кога полицијата накратко го уапси Драгичевиќ, како и неколку други луѓе.

Движењето „Правда за Давид“ поттикна неколкумесечни антивладини протести што го одразуваат незадоволството кај народот од корупцијата и невработеноста во оваа земја.

Протестите постепено се претворија и во демонстрации против владеењето на Милорад Додик, чија партија победи на изборите во октомври во Република Српска.

Ваков бран демонстрации не е забележан од 2014 година во Босна.

Илјадници луѓе во неделата маршираа и во Сараево, барајќи „Правда за Џенан“, кој, според официјалните извештаи, загинал во февруари 2016 година во сообраќајна несреќа.

Неговиот татко Муриз Мемиќ вели дека бил убиен и оти судството и политичката елита го штитат убиецот.

„Тие не можат да ме лажат. Ветив дека ќе одам до крај и ќе дојдам до крајот, бидејќи вистината ја знам. Само сакам правда“.

Инаку, помали протести на солидарност со движењето „Правда за Давид“ се одржаа и во Хрватска и во Србија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG