Достапни линкови

Продолжува делумното затворање на владата на САД

Нема договор за крај на делумното затворање на владата на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00

Нема договор за крај на делумното затворање на владата на САД

Двата дома на американскиот Конгрес заседаваа само неколку минути, но не презедоа чекори за прекин на делумното затворање на федералната влада. Иако Сенатот и Претставничкиот дом седниците ги одложија з в понеделник, најверојатно е дека делумното затворање ќе трае и во почетокот на идниот месец.

И покрај итноста на потребата за решавање на ќорсокакот со федералниот буџет Сенатот и Претставничкиот дом не направија ништо за враќање на средствата за околу 20 насто од засегнатите владини органи.

Соединетите држави од 22 декември се наоѓаат во период на делумна парализа на работата на сојузните органи.

До ова дојде по неуспешниот обид за компромис меѓу Конгресот и Белата куќа за буџетот и за финансирањето на ѕидот на границата со Мексико.

Американскиот претседател Доналд Трамп инсистира од средствата собрани од даночните обврзници да бидат издвоени 5 милијарди долари за ѕидот.

На ова се противат демократите и некои републиканци во Конгресот.

Трамп, за време на ненадејната посета на Ирак во средата, ги интензивира неговите повици во врска со ѕидот, наведувајќи дека ќе чека колку што е потребно за да се финансира неговиот предлог.

„Што и да е потребно само да имаме ѕид, да имаме сигурност“.

Но, и демократите се подготвени да чекаат по Новата година – односно до 3 јануари кога ќе ја добијат контрола врз Претставничкиот дом по успехот на средорочните избори во ноември.

Како и да е, до изнаоѓање решение сите засегнати владини работници не можат ништо да прават освен да чекаат.

Станува збор за околу 800.000 вработени во сојузните агенции, вклучувајќи го и Одделот за домашна безбедност и Министерството за правда.

Некои вработени за кои се смета дека се „важни“ остануваат на работа, но нема да бидат платени по декември се до завршувањето на делумното затворање на владата.

Најновата анкета на Ројтерс покажува дека мнозинството Американци - 47 насто, сметаат дека Трамп е одговорен за делумното затворање на владата, додека 33 насто ги обвинуваат демократите во Конгресот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG