Достапни линкови

Трамп: богатите земји треба да им плаќаат на САД


Трамп: САД нема да трошат за одбрана на другите земји
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Трамп: САД нема да трошат за одбрана на другите земји

Американскиот претседател Доналд Трамп по ненадејната посета на американските војници во Ирак, ги посети и војниците во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.

Претседателот Трамп и првата дама Меланија во базата во Рамштајн се сликаа со војниците и даваа автограми на капите кои беа заштитен знак на претседателската кампања на Трамп во 2016 година.

Претходно, Трамп беше на неговото прво патување во конфликтниот Ирак речиси две години откако ја презеде функцијата, а неколку дена по неговата најава за повлекување на американски трупи од соседна Сирија.

За време на три ипол часовниот престој во базата Ал Асад во близина на Багдад Трамп изјави:

„Дојдовме во Ал Асад да ја споделиме нашата вечна благодарност за сè што правите за да ја одржиме Америка безбедна, силна и слободна“.

Во Ирак, околу 5.200 американски војници ги обучуваат и советуваат локалните сили кои сé уште се борат против Исламската држава, чија територија Трамп ја опиша како речиси елиминирана.

„Пред две години, кога станав претседател, тие беа многу доминантна група, тие беа многу доминантни. Денес тие не се толку доминантни“.

Критичарите на Трамп, сепак, сметаат дека борбата е далеку од завршена и оти американското повлекување ги остава сојузниците на цедило.

Трамп ги увери новинарите дека нема планови да ги повлече војниците од Ирак.

Сепак, тој повтори дека Соединетите држави нема да трошат за безбедноста на другите, посебно богатите земји:

„Богатите земји не можат да очекуваат Соединетите држави да плаќаат за нивната војска. Тие можат да ни плаќаат, да ни надоместуваат. Никој нема војници како нас. Но, ние сме по целиот свет. Ние се шириме низ целиот свет. Ние сме во земји за кои повеќето луѓе никогаш не слушнале. И искрено тоа е смешно. Значи тоа е приказната. Многу едноставна“.

Трамп во Ирак не се сретнал со ниту еден ирачки официјален претставник, но зборувал по телефон со премиерот Адил Абдул-Махди.

Некои ирачки политичари ја осудија посетата на Трамп како кршење на суверенитетот на Ирак, а некои пак обелоденија дека средбата меѓу Трамп и ирачкиот премиер била откажана поради несогласувањата околу местото каде да се одржи.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG