Достапни линкови

Ескалираат тензиите меѓу Ердоган и Нетанјаху


Ердоган и Нетанјаху со меѓусебни навреди
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Ердоган и Нетанјаху со меѓусебни навреди

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и изреалскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја заострија реториката во нивниот меѓусебен спор. Тие и со навреди за тоа кој бил поголем тиранин.

Ердоган во неделата изјави дека Нетанјаху бил „угнетувач и тиранин“.

Претходно, Нетанјаху за Ердоган рече дека бил „анти-семитски диктатор“.

„Тој има опсесија со Израел. Тој знае што е морална армија и знае што е вистинска демократија, наспроти армијата што убива жени и деца во курдските села. Државата, за жал, се претвора во диктатура од ден на ден. Тој има опсесија со Израел“, рече Нетанјаху.

Како одговор на тоа Ердоган на неделниот митинг во Истанбул изјави:

„Ердоган е гласот на угнетуваните, вие сте глас на угнетувачот, вршите државен терор, удирате по деца, истребувате бебиња и ги влечете со своите војници и вашата полиција. Вие сте угнетувач и тиранин, а вие сте на чело на државниот терор“.

Не е јасно што ги предизвика најновите расправии меѓу двајцата лидери.

Израел и Турција некогаш беа блиски сојузници, но односите се во постојано заладување откако Ердоган, чија партија има корени во турското исламистичко движење стана премиер во 2003 година.

До размената на навреди меѓу Ердоган и Нетанјаху дојде само неколку дена откако Соединетите држави го најавија повлекувањето на американските војници од Сирија.

И Израел и Турција се вклучени во седум-годишната граѓанска војна во таа земја.

Турција во саботата испрати воени засилувања во северна Сирија, во близина на областа под контрола на курдските сили и се закани дека ќе изврши нова офанзива.

Во меѓувреме, е соопштено дека Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп се договориле во текот на вчерашниот телефонски разговор да ја избегнат празнината на власта во Сирија по американското повлекување од таа земја.

Трамп на Твитер оцени дека разговорот со Ердоган бил продуктивен.

Ердоган, како што е соопштено од неговиот кабинет, му кажал на Трамп дека неговата земја била подготвена да им даде поддршка на Соединетите држави во рамките на одлуката за повлекување на војниците.

Пентагон пак, соопшти дека наредбата за повлекување на американските сили од Сирија била потпишана откако претседателот Доналд Трамп на 19 декември го најави тоа.

Тој преку видео порака на Твитер објави дека била постигната победа врз милитантите на Исламската држава во Сирија и затоа е време американските војници да се вратат дома.

Тоа беше критикувано и од републиканските и од демократските конгресмени, како и од американските сојузници.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG